а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

развие

развијат; развиј, развијте; развив, развија; развил; развиев, развиеја; развиел; развиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3015
1. Развитка нешто свиено, завиено.
Англиски: unwrap Албански: hap, shpalos
Примери:
Развиј го пакетот да видиме што има.
Жената го разви детето.
Развивме знаме црвено.
2. распореди
Англиски: arrange Албански: shpërndaj
Употреба: Воен термин
Примери:
Ја разви четата во шумичката.
3. Направи нешто да израсне, да закрепне.
Англиски: strengthen Албански: zhvilloj
Употреба: Воен термин
Примери:
Со гимнастика ќе го развие телото.
Го разви својот глас.
Ги разви физичките способности на децата.
4. Придонесе да се појават или засилат кај некого некакви својства.
Англиски: develop Албански: zhvilloj
Примери:
Таа му го разви интересот кон сликарството.
5. Направи нешто да се издигне на повисок степен.
Англиски: develop Албански: zhvilloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ние мораме да ја развиеме тешката индустрија.
Тој ја разви науката за јазикот.
6. Пројави во поголеми размери, широко разгрне.
Англиски: unfold Албански: shpalos
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таму разви голема политичка активност.
Развија широка објаснувачка работа.
7. Изложи, разјасни нешто.
Англиски: spread Албански: përhap, zhvilloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не можеше да ги развие своите мисли.
Најпосле му овозможија да ја развие својата теорија.
8. Со постепено наголемување доведе до значителен степен.
Англиски: develop Албански: zhvilloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Разви полна брзина.
9. Направи да се види снимен образ.
Англиски: develop Албански: zhvilloj
Примери:
Го разви ли филмот? Ги развив снимките.
10. За шума, растение - пушти лисје, гранки.
Англиски: grow Албански: zhvilloj, shtoj
Примери:
Развила шумата.
Развила праската.
11. (се развие) израсне, узрее, закрепне
Англиски: mature Албански: rritem, zhvillohem
Примери:
Момата брзо се разви.
Тоа лето детето добро се разви.
12. (се развие) Добие поголеми размери, значење, се разгрне.
Англиски: develop Албански: zhvilloj, përhap
Примери:
Индустријата се разви неверојатно брзо.
13. (се развие) Узрее духовно, умствено.
Англиски: mature Албански: rritem, zhvillohem
Примери:
Условите под кои се разви тој беа мошне поволни.
14. (се развие) одвие, помине, одигра, стане
Англиски: develop Албански: zhvilloj
Примери:
Како се развија настаните?
Се разви жива борба.