расипе
расипат; расипи, расипете; расипав, расипаа; расипал; пасипан; (ќе) расипев, (ќе) расипеа; (ќе) расипел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3611
1.
собори, разруши
Англиски:
destroy
Албански:
shkatërroj
Многу брзо ја расипаа куќата.
Слично со:
разруши (св.)
2.
Доведе во неисправна состојба.
Примери:
Уште првиот ден ја расипаа машината.
Спротивно од:
поправи (св.)
3.
Направи непријатен, наруши, влоши.
Примери:
Не сака да си ги расипе односите.
Ми го расипа настроението, му ја расипа волјата.
4.
растури, осуети
Англиски:
disturb
Албански:
derdh, pengoj
Тој ни го расипа друштвото.
Ако дојде, ќе го расипе состанокот.
5.
Изврши лошо влијание врз некого.
Примери:
Тој го расипа детето.
6.
За време - направи да стане лошо.
Примери:
Не дотерувај се, ќе го расипеш времето.
Слично со:
влоши (св.)
7.
За пари - разбие, размени.
Примери:
Ја расипав и последната илјадарка.
8.
(се расипе) Дојде во неисправна состојба.
Примери:
Многу се расипаа патиштава.
9.
(се расипе) Пропадне морално, стане лош, невоспитан.
Примери:
И неговите деца се расипаа.
Слично со:
пропадне (св.)
12.
Сосипе, уништи некого физички или морално.
Англиски:
incapacitate
Албански:
shkatërroj
Ме расипа дуќанот.
Слично со:
уништи (св.)
13.
(се расипе) Стане неупотребливо.
Примери:
Внимавај, ќе се расипе млекото.
14.
(се расипе) се уништи, се сосипе
Примери:
Се расипа од трчање.
(разг.) Расипе се од ум.
Слично со:
сосипе (св.)
15.
Исипе нешто, сипе на многу места.
Примери:
Девојчето ќе ја расипе водата.
16.
(се расипе) Се разлее, се исипе на разни страни, се истури.
Примери:
Виното се расипа од чашата и ја намокри масата.