рече
речат; речам, речи, речеме, речете; реков, рекоа; рекол, рекла, рекло, рекле; (ќе) речев, (ќе) речеа; (ќе) речел; речен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 22
1.
Каже нешто.
Примери:
Си помисли малку и рече: „Не е така!“
Како што рече побратимот.
Што реков, реков.
2.
Каже нешто како одговор.
Примери:
Дома се сите - рече стариот.
3.
Соопшти нешто нарачано, заповедано.
Примери:
Професорот рече да се вратите веднаш.
Слично со:
заповеда (св.)
4.
помисли, му се стори
Примери:
Кога ќе го видиш, ќе речеш татко му стои пред тебе.
Ќе рече човек дека не е токму.
Слично со:
помисли (св.)
5.
реши, се накани
Примери:
Поминав ваму, па реков да ве видам.
7.
значи
Англиски:
mean
Албански:
do të thotë
Што ќе рече оваа негова посета?
Слично со:
значи (несв.)
8.
Во состав со да, нека - претпостави, дозволи.
Примери:
Да речеме дека е тоа така.
Слично со:
претпостави (св.)
9.
Изведе некое движење; изврши нешто.
Примери:
Речи вака со ногата.
Така рече бајачката.
Откако си ја рекла молитвата, легнала да спие.
Слично со:
изврши (св.)
10.
Во состав со друг глагол - го означува почетокот на дејството изразено во него.
Англиски:
start
Албански:
don të thotë
Забучи, и кога рече паѓам.
Слично со:
почне (св.)
Изрази
Ако реков, не пресеков.
Ако е речено.
Ако рекол Господ.
Кажи-речи - тукуречи.
Не било речено.
Не речи двапати.
Речено-сторено.
(ирон.) Сакам кажам, не знам речам.
Ти реков, ми рече.