светне
светнат; светнал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3043
1.
Пушти светлина еднаш или повеќе пати по еднаш.
Примери:
Светна сонцето и за миг се загуби зад облаците.
(разг.) Ми светна мисла.
Спротивно од:
стемни (св.)
2.
(со свеќа, ламба) Направи да се види.
Англиски:
illuminate
Албански:
ndriçoj
Светни ми малку со свеќата.
Слично со:
осветли (св.)
3.
(за очи, поглед, лице) - Молсне од среќа, радост.
Примери:
Ти светнаа очите кога ја виде.
Слично со:
молсне (св.)
4.
Исчисти до блесок.
Примери:
Дојде жената и куќата светна.
5.
(само во 3. л.) - за молскавица: молсне.
Примери:
Светкавица светна некаде далеку.
Слично со:
молсне (св.)
Изрази
Ми (ти, ѝ, му...) светна - текне нешто, дојде мисла.