а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

слушне

слушнат; слушнам, слушна; слушни, слушнете; слушнав, слушнаа; слушнал; слушнат; (ќе) слушнев, (ќе) слушнеа; (ќе) слушнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 457
1. Прими со сетило за слух - гласови, звуци или шумови.
Англиски: listen Албански: dëgjoj
Примери:
Не слушна кога заѕвони будилникот.
Го слушна неговиот глас.
2. Разбере, дознае нешто.
Англиски: hear Албански: dëgjoj
Примери:
Долго време не сме слушнале за него.
Слушна ли за подвигот негов?
Слушна ли што рече?
3. Изврши лекарски преглед со слушалки, обично срце и белите дробови.
Англиски: hear Албански: dëgjoj
Употреба: Медицина
Примери:
Го слушна докторот, да не има бронхитис.
4. ислуша, дослуша
Англиски: hear Албански: dëgjoj
Примери:
Не сакаше ни да ме слушне.
5. (се слушне) Се чуе, се разнесе звук.
Англиски: resound Албански: dëgjoj
Примери:
Се слушнаа зурли и тапани.
6. (се слушне) Се рашири вест, се искаже мислење и сл.
Англиски: spread Албански: dëgjohet
Употреба: Безлично
Примери:
Се слушна по радиото.
На состанокот не се слушнаа спротивни мислења.
7. (се слушне) Воспостави контакт, обично по телефон.
Англиски: contact Албански: dëgjohet
Примери:
Ние веќе се слушнавме и се договоривме.