сомеле
сомелат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10458
1.
Претвори во брашно, со мелење направи нешто на ситни парченца.
Примери:
Да го сомеле житото.
Сомеле кафе.
Сомеле месо.
Сомеле во устата.
2.
раздроби, смачка
Примери:
Ќе го сомеле и него.
3.
За желудник - преработи храна.
Примери:
Тешко ќе ја сомеле оваа храна неговиот желудник.
4.
сфати, разбере, усвои
Примери:
Одвај успеа да ги сомеле детето овие зборови.