гледаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Доаѓа до сознание.
Примери:
Сега гледам дека нè пратиле ваму да изгинеме.
Вид збор: Глагол, свршен
(се домисли) Се досети, погоди нешто.
Примери:
Јас се домислив зошто ти ме следиш секаде.
знам
Вид збор: Глагол, несвршен
сфаќа, разбира
Примери:
Знам што зборуваш, но не знам што сакаш да ми кажеш.
капираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
сфати, сфаќа, разбира
Примери:
Тој капираше сѐ што ќе му кажев.
Вид збор: Глагол, несвршен
сфаќа, разбира
Примери:
Ништо не одбирам што зборуваат.
(се одбира) Знае, се разбира од нешто.
Примери:
Не се одбирам во новава техника.
подразберат
Вид збор: Глагол, свршен
Разбере, сфати од нешто по малку, донекаде.
Примери:
Подразбра ли што кажа овој?
(се подразбере) Заемно се разбере со некого.
Примери:
Тие како да се подразбраа со поглед.
Вид збор: Глагол, несвршен
разбере, сфати
Албански:
kuptoj, marr vesh
Разбира, сфаќа, толкува нешто (поим, гест) на определен начин.
Примери:
Под држава подразбираме политичко-правна, меѓународно призната, суверена општествена заедница.
(се подразбира) се подразбере
(во 3. л.) Јасно е само по себе, видливо и разбирливо за сите.
Примери:
Се подразбира дека настаните ќе се одвиваат во тој правец.
Вид збор: Глагол, несвршен
Разбира, сфаќа, сеќава, распознава според определени карактеристики.
Примери:
Познава дека работите не се како што треба.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне малку, донекаде да ги сфаќа работите.
Примери:
Дури сега попрогледавме, откако тој ни ги отвори очите.
разберат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие определено мислење за нешто, прецени.
Примери:
Можеби згрешив, но јас така го разбрав неговото држење.
Добие информации за некого, узнае каде е и како е некој.
Примери:
Не сум разбрал ништо за неа.
сети, узнае
Примери:
Што се тоа две години, не ни разбрав кога минале.
Вид збор: Глагол, несвршен
разбере
Примери:
Верувам ја разбирате контрадикцијата.
Признае вредност на некого или на нешто.
Примери:
Да имаш добра куќа - тоа го разбирам (за) живот.
сетат
Вид збор: Глагол, свршен
долови, разбере
Примери:
Стариот сети со кого има работа.
сомелат
Вид збор: Глагол, свршен
сфати, разбере, усвои
Примери:
Одвај успеа да ги сомеле детето овие зборови.
сфатија
Вид збор: Глагол, свршен
разбере, долови
Примери:
Не можеше да сфати како гореа толку високо.
фатат
Вид збор: Глагол, свршен
сфати, разбере, долови
Примери:
Се стремеше да ја фати смислата на зборовите.