сопре
сопрат; сопрам, сопри, сопрете; сопрев, сопреа; сопрел; сопрен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4850
1.
Запре, спречи нешто.
Примери:
Нешто го сопре кај нас.
Му сопреле од хонорарот.
Кој ќе ја сопре оваа вода?
Сопре трговијата.
2.
Запре, спречи нешто да се движи.
Примери:
Сопри го автобусот.
Сопрела локомотивата.
Сопреле кај мостот.
Слично со:
спречи (св.)
3.
Запре, спречи некакво дејство.
Примери:
Одеднаш сопре вревата во сокакот.
Ноќта сопре борбата.
Тие не сопреа да зборуваат.
Се измачуваше да го сопре липањето.
4.
Запре, застане на дадено место.
Примери:
Двајцата сопреа пред големата врата.
Полицаецот го сопрел пешакот.
Слично со:
застане (св.)