стави
Види и:
става (несв.)
стават; ставив, ставиш, ставил, ставила; ставиме; ставивме, ставиле; ставен; (ќе) ставел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 322
1.
Положи, расположи некаде нешто.
Примери:
Стави го пакетот покрај ѕидот.
Го стави ножот на масата.
Го стави автомобилот во гаражата.
Стави точка.
Стави печат.
Стави потпис.
Стави срок.
2.
Постави едно нешто над друго, допре.
Примери:
Му ја стави раката на рамо.
Ја стави главата на неговите гради.
3.
Приведе некого во некоја положба.
Примери:
Го стави во незгодна (тешка) ситуација.
Го стави во зависност.
Го стави на маки.
Го стави на проба.
Го стави под контрола.
Го ставија в притвор.
4.
Постави, прикрепи едно нешто кон друго; установи за работа.
Примери:
Најпосле ставија стакла на прозорците.
Стави завеси.
Стави чаршаф на масата.
Ставија чешма.
Слично со:
инсталира (св. и несв.)
6.
Постави нешто со лечебна цел.
Англиски:
administer
Албански:
administron
Стави облоги, компреси, пијавици, капки, инјекции.
7.
(за облека, украс) Постави на себе.
Примери:
Стави и тој капа.
Стави очила.
Стави нараквици.
(ретко) Си ги стави чевлите.
Си го стави капутот.
8.
Сипе јадење; прибави едно нешто кон друго.
Примери:
Стави вода, вино, ракија и сл.
Стави си јадење во чинијата.
Стави оцет во супата.
10.
(се стави) се постави
Албански:
vendos
Се стави во негова одбрана.
Се стави на чело на војската.
Се стави во негова положба.
11.
(се стави) се состане
Примери:
Сакаше да се стави со него.
Да се стават и да се видат.
Изрази
Го стави в рака.
Ја стави главата в торба.
Стави крај на нешто.
Стави му крст! Стави му пепел!
Стави на свое место.
Стави под клуч.
Стави рака на нешто.
(Стави) рака на срце!
Стави се (животот) на коцка (карта).
Ќе го стави в топ.
Стави надвор од сила.
Стави до знаење.
Стави на гласање.
Стави во задача.
Стави забрана (на имот, плата).