стори
сторат; сторил, сторија; сторен, сторено; сторени; (ќе) сторев, (ќе) сторел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 220
1.
направи, учини
Примери:
Така тие сториле.
Ќе стори сè што сакаш.
Подобро ќе сторите, ако си одите.
(разг.) Ништо лошо не сум сторил.
2.
За возраст, за години старост, за време.
Англиски:
make
Албански:
bëj, mbush
Колку години стори детево?
Стори веќе година откако го заврши школувањето.
Виново стори веќе пет години.
Слично со:
наполни (св.)
4.
Помисли нешто за друго или некого за друг.
Англиски:
imagine
Албански:
mu bë, mu duk
Те сторив дека си Петко.
Сторив дека чука млекарот.
5.
(се стори) Се здобие нешто.
Англиски:
obtain
Албански:
bëj, fitoj
Се стори со пари по татковата смрт.
Слично со:
здобие (св.)
6.
(се стори) се претвори, се преобрази
Примери:
Тогаш жената се сторила риба.
7.
(се стори) се случи
Примери:
(нар. поез.) Така, брате, тогаш се сторило / и денеска кај се прикажува.
Слично со:
случи (св.)
8.
(се стори) За зеленчук подготвен за зимница: му дојде време.
Примери:
Уште не се сториле краставиците.
(разг.) Краставици сторени!
Слично со:
созрее (св.)
10.
(се стори) живее
Примери:
Од тој ден жив не се стори.
Изрази
Стори чест - покаже чест некому.
(разг.) Стори абер - јави некому за нешто.
Стори здраво-живо - се поздрави.
Сенка се стори - многу ослабна.
(разг.) Стори арч - направи трошок.
(разг.) Стори себап - направо добро дело.
(разг.) Стори кабает - згреши.
(разг.) Стори мукает - обрне внимание, поведе сметка.
(разг.) Стори ниет - намисли.
(разг.) Се стори резил - се посрамоти.
(разг.) Пишман се стори - се покајал за нешто.
(разг.) Му стори ишарет - му даде знак.
Прав и пепел да се сторат - клетва.
Отров и пелин да се сторат - клетва.
Крв да ти се стори - благослов по завршен оброк.