тргне
тргнат; тргнам, тргни; тргнете; тргнав, тргнаа; тргнал; (ќе) тргнев, (ќе) тргнеа; (ќе) тргнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 281
1.
Почне да се движи - во определен правец, за некаде, на пат.
Примери:
Возот тргна.
Тргна накај мене.
Тргна за Штип.
Тргна по него.
2.
Со сврзникот да и друг глагол; започне со намера.
Примери:
Тргнав да се исперам.
Тргна да налее вода.
Тргнал да оди да ги навади цвеќињата.
3.
фати, почне
Англиски:
begin
Албански:
nisem, filloj
И кога тргнала да игра оро...
Слично со:
почне (св.)
4.
Почне да оди од место на место, да обиколува.
Англиски:
walk
Албански:
ecë, shëtis
Тргна по села и градови.
Тргна по комшии.
Слично со:
обиколува (несв.)
5.
Почне да оди постојано со некого, да се дружи со некого.
Англиски:
join
Албански:
shkon, kalon
Тргна со лоши другари.
Откако тргна со неа, нас нè заборави.
Слично со:
здружи (св.)
6.
За машина, механизам - почне да работи.
Англиски:
work
Албански:
nisë, punoj
Само малку го занишав часовникот и тој тргна.
Слично со:
работи (несв.)
7.
Почне да посетува.
Англиски:
attend
Албански:
shkoj, nisem
Тргне на училиште (почне да оди на училиште).
Марко веќе од вчера тргна на училиште.
8.
За работа, трговија, занает - почне да оди добро.
Примери:
Најпосле ми тргна работата.
Слично со:
успее (св.)
9.
потегне
Англиски:
pull
Албански:
tërheq, shkul
Го тргна за уво.
Ако тргнам посилно, ќе се скине јажето.
10.
извади, потегна
Примери:
Тој ми тргнал она остра сабја (нар. поез.)
Тргне меч од ножница.
Слично со:
извади (св.)
11.
Истави, фати од определено место.
Англиски:
move
Албански:
heq, lëviz
Тргни го од масава тенџерево зашто ми пречи.
Слично со:
истави (св.)
12.
Напие се малку; повлече, вдише.
Примери:
Тргна малку од чашата и ја врати пак во послужавникот.
Тргна два-три пати и ја фрли цигарата.
Слично со:
вдише (св.)
15.
(се тргне) се повлекува
Примери:
Се тргна настрана.
Тргни се од пред мене за да можам да гледам.
16.
(од сон) се разбуди, се освести
Примери:
Тргна се моме, разбуди (нар. поез.)
Слично со:
разбуди (св.)
Изрази
(разг.) Тргне по лош (крив) пат.
Тргне од некоја гледна точка (од некое становиште, гледиште).
Тргне по умот на некого - го следи, го слуша.
(му) Тргне по трагата на некого.