а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

убав

убави
Вид збор: Придавка
Ранг: 253
1. За човек - со привлечни црти на лицето, телесно правилно граден.
Англиски: beautiful Албански: i bukur
Примери:
убав маж, убава жена
убава девојка, убаво дете
Убав на мајка!
2. За животно или нешто друго, пријатно на изглед.
Англиски: beautiful Албански: i bukur
Примери:
убав коњ, убави цвеќиња, убава куќа
Фазанот е многу убава птица.
3. Пријатен за слухот.
Англиски: pleasant Албански: i bukur
Примери:
убава музика, убава мелодија
убава песна, убав глас
4. Што особено ги задоволува потребите и барањата, што доставува особено задоволство, во физички и духовен поглед.
Англиски: good Албански: i mirë, i pëlqyeshëm
Примери:
убав ручек, убаво вино
убава прошетка, убава игра
убав живот, убава прикаска, убав јазик
(разг.) Убава литература - белетристика.
5. Што е за пофалба.
Англиски: laudable Албански: i lavdërueshëm
Примери:
убав пример, убава постапка
убави совети, убав потег
6. добар
Англиски: good
Примери:
Убави работи слушам за тебе.
7. лош
Англиски: good Албански: i mirë
Употреба: Иронично
Примери:
Убава работа! (за негодување, незадоволство)!
8. Што носи придобивка, ќар.
Англиски: nice Албански: i leverdishëm
Примери:
убав занает, убава служба
убава работа
9. Што е во задоволително големо количество, во голем степен.
Англиски: good Албански: i mirë
Примери:
Убав дожд падна денеска.
убава печалба
Убава парица доби.
Убав ќотек изеде.
10. За време - сончев, топол, јасен, пријатен.
Англиски: beautiful Албански: i bukur
Примери:
убав ден, убава есен
11. При честитање или изразување добри желби.
Англиски: best Албански: gjithë të mirat
Примери:
Ви пожелувам сè најубаво.
Убав помин!
Изрази
(посл.) Убавата мома сама се мажи.
(посл.) Убавите круши свињите ги јадат.
(посл.) Убавата стока сама се продава.