Анатомија - категорија

уво повеќе

мн. уши
Вид збор: Именка, среден род
Орган на слухот кај човек и кај животно.
Англиски: ear Српски: ухо Албански: vesh Бугарски: ухо
Примери:
Надворешно, средно и внатрешно уво.
Надворешниот дел од увото.
Англиски: ear Албански: vesh
Примери:
долги уши, мали уши

увце повеќе

мн. увциња
Вид збор: Именка, среден род
уво
Англиски: ear Албански: vesh

узенгија повеќе

мн. узенгии
Вид збор: Именка, женски род
Дел од внатрешното уво.
Примери:
Ушни ковчиња се чеканчето, наковалната и узенгијата.

уложје повеќе

Вид збор: Именка, среден род
постелка, плацента
Англиски: placenta Албански: placentë

умник повеќе

мн. умници
Вид збор: Именка, машки род
Заб умник.
Англиски: wisdom tooth Албански: dhëmb i pjekurisë
Примери:
Ми ги извадија сите умници.

усна повеќе

мн. усни
Вид збор: Именка, женски род
Еден од двата месести делови на устата.
Англиски: lip Албански: buzë
Примери:
Горна и долна усна.

уста повеќе

мн. усти
Вид збор: Именка, женски род
Кај човек и кај животно - како орган низ кој се прима храна.
Англиски: mouth Српски: уста Албански: gojë Бугарски: уста
Примери:
Има мала, голема уста.

утроба повеќе

мн. утроби
Вид збор: Именка, женски род
Внатрешните органи кај жена или женско животно каде што се развива плодот.
Англиски: womb Албански: mitër
Примери:
И децата во утробите мајкини (мајчини) пропиштија.
Трбушната внатрешност воопшто.
Латински: viscera Англиски: bowel, viscera Албански: brendësi barku
Примери:
Ми се слоши дури во утробата.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш