узрее
узреат; узреј, узрејте; узреав, узреаја; узреал; узреан; (ќе) узреев, (ќе) узрееја; (ќе) узреел; узреен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13484
1.
(за плод) созрее, дозрее
Примери:
Грозјето узреа.
2.
За човек - достигне физичка или духовна зрелост.
Примери:
Ти уште не си узреал за раководител.
Тоа девојче рано узреа за мажење.
3.
(за друго) Достигне состојба за дејност.
Примери:
Работата узреа.
Сите проблеми узреаја наеднаш за решавање.
4.
(за чир, мозол, струп) Достигне состојба да се отвори.
Примери:
Немој да го сечеш чирот, остави го нека узрее.