учи
учат; учам, учиш; учел; учев, учевме, учевте
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 609
1.
(со предмет) Предава на некого некакви знаења.
Примери:
Ја учи мајка си да чита.
Го учи да зборува.
Ти ли ќе ме учиш како се меси зелник?
2.
(со предмет) Се здобива со некакви знаења, усвојува, совладува нешто.
Примери:
Го учам францускиот јазик.
Учам математика.
Учи да тера автомобил.
Учи, учи - глава бучи.
3.
(со предмет) Учител е на некого, му предава на некого.
Примери:
Јас сум ги учел твоите деца.
Слично со:
инструира (св. и несв.)
4.
(со предмет) Учи напамет, повторува за да запомни.
Англиски:
learn by heart
Албански:
mësoj
Ја учам својата најнова улога.
Учам една стихотворба.
5.
(со предмет) поучува, советува, упатува
Англиски:
advise
Албански:
mësoj, këshilloj
Учи ме, мајко, карај ме.
Најпосле, домаќине, како ќе те учи Господ, така прави.
Тој ги учи децата да прават пакости.
Ти ли ќе ме учиш на ум и разум?
Ќе те научам јас тебе убаво!
Слично со:
советува (несв.)
6.
(со предмет) Навикнува некого на нешто.
Англиски:
train
Албански:
ushtroj, mësoj
Треба да ги учиме децата на секакви незгоди, зашто не знаеме утре што ги чека.
Слично со:
тренира (несв.)
7.
(со предмет) узнава, дознава
Англиски:
hear
Албански:
mësoj, dëgjoj
Од каде ги учиш овие новини?
Слично со:
дознава (несв.)
8.
(со предмет) Учи за нешто.
Англиски:
study
Албански:
mësoj, studioj
Учам за доктор (студирам медицина).
Учам за професор.
Слично со:
студира (св. и несв.)
9.
(со предмет) Основува, развива некоја мисла, теорија.
Примери:
Дарвин учеше дека ... марксизмот учи дека...
10.
(без предмет) Оди на училиште, студира.
Англиски:
attend school
Албански:
mësoj, studioj
Поголемиот син веќе заработи, а помалиот уште учи.
11.
(без предмет) Работи над зададените лекции, се спрема, зафатен е со учење.
Англиски:
work
Албански:
mësoj, punoj
Не задевај го детето, остави го нека учи.
Како не ќе имаш слаби оценки, кога воопшто не учиш?
12.
(без предмет) Има предавање, часови на училиште.
Англиски:
attend class
Албански:
mësohet
Учителот е болен, денеска не учиме.
13.
(се учи) Се здобива со знаење за нешто, усвојува некакво знаење, умеење.
Примери:
Се учи да зборува.
Се учи да тера автомобил.
14.
(се учи) се поучува
Англиски:
instruct
Албански:
mësohet, këshillohet
Помладите се учат од постарите.
15.
(се учи) Се навикнува на нешто.
Англиски:
adapt
Албански:
mësohet, adaptohet
Се учам на студ.
Слично со:
навикнува (несв.)
16.
(се учи) Се спрема за нешто.
Англиски:
prepare
Албански:
mëson, përgatit
Се учам за шиење.
Слично со:
спрема (несв.)
Изрази
(разг.) Учи, учи, тиква бучи - оној кој многу учи, ама ништо не научи.