фрли
фрлат; фрлил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 518
1.
Со замав присили да лета, да паѓа нешто што се имало в рака, в раце.
Примери:
Го фрли каменот далеку.
Ја фрли мрежата, но ништо не фати.
(разг.) Го фрли во грижи.
2.
Заврши работа, се предаде.
Англиски:
finish work
Албански:
hedh, mbaroj
Ги фрли плочите.
Го фрли оружјето, го фрли топот.
3.
Со силно движење присили некого или нешто во некој правец, некое место или во некоја состојба.
Англиски:
fling
Албански:
hedh, përplas
Фрли во војна, во борба, во зандана, во затвор, во темница.
Фрли во воздух.
Фрли в постела. Фрли ждрепка.
Фрли (пушта) котва.
5.
Погледа нешто набрзина, кришум.
Примери:
Фрли поглед.
Фрли рибата икра.
6.
Брзо премести, управи, испрати некаде.
Англиски:
send
Албански:
dërgoj, hedh
Германците фрлија таму нови сили.
Слично со:
испрати (св.)
7.
Исфрли како ненужно, исфрли надвор; не стави на место; се ослободи од нешто за носење.
Примери:
Ги фрливме зелените лубеници.
Го положи испитот и ги фрли книгите.
Дојде дома, ја фрли капата и излезе.
Го фрлив веќе капутот (топло е).
Слично со:
исфрли (св.)
8.
Престане да се занимава со нешто, се откаже од некое занимање, некоја професија.
Примери:
Го фрли веќе чеканот.
Го фрли расото.
9.
За коњ и друго животно за јавање - се ослободи од товарот, од јавачот.
Примери:
Го фрли самарот.
Го фрли јавачот.
Слично со:
растовари (св.)
10.
пукне
Примери:
Фрлаа пушки.
Фрли еден куршум.
11.
Даде, донесе плод, принос, приход.
Примери:
Колку фрли нивата?
Не ми фрли занаетот.
12.
Во состав со именките сенка, светлина, зрак, лач - распространи, рашири, расее.
Примери:
Облакот фрли малку сенка на чистинката.
Сонцето фрли светлина и во нивната соба.
(разг.) Фрли светлина.
Слично со:
расее (св.)
14.
Ја остава, напушта жената, се разведува.
Примери:
Ја фрли жената.
15.
(се фрли) Се управи брзо кон нешто, во изблик на чувства - се устреми, падне.
Примери:
Волкот им се фрли на јагненцата; Се фрли на помош.
Му се фрли в прегратка.
Се фрли на колена.
(спорт.) Му се фрли в нозе.
Слично со:
устреми (св.)
16.
(се фрли) Скокне од високо.
Англиски:
jump
Албански:
hidhem, kërcej
Се фрли во морето.
Се фрли од шестиот кат.
17.
(се фрли) Се пушти во активно учество во нешто.
Примери:
Се фрли на работа во организацијата.
18.
(се фрли) Се остава, се разведува, раскинува брак.
Примери:
Се фрливме пред еден месец.
Изрази
Ги фрли потковиците - умре.
Ја фрли вината на него - го обвини.
Нема игла каде да фрлиш - преполно.
(посл.) Роди ме, мајко, со касмет, па фрли ме на буниште.
(посл.) Фрли глиста, фати јагула.
Фрли го во морето, тој ќе ти излезе со стадо овци.
(посл.) Фрли го на буниште, ќе го најдеш на огниште.
Фрли една чашка (една ракија, едно вино и сл.)
(посл.) Фрли зад себе, да најдеш пред себе.
Фрли мерак (фрли око) на некого или на нешто.
Фрли прав (пепел) в очи на некого - замајува.
Фрли камен по нас - не куди.
Фрли ракавица - предизвикува.
Фрли пари - троши пари.
Фрли на ветер.
Фрли во старо железо.