Правда - категорија

валиден повеќе

валидниот
Вид збор: Придавка
полноважен, законски заснован
Англиски: valid
Примери:
валидно решение

венча повеќе

венчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Склучи брак, изврши чин, обред на стапување во брак.
Англиски: marry Албански: martohem
Примери:
Попе, ти нас ќе не венчаш.
Омажи, ожени некого.
Англиски: marry Албански: martohem
Примери:
Тој настојуваше да ме венча со својата ќерка.
(се венча) Се омажи, се ожени, склучи брак.
Англиски: marry Албански: martohem
Примери:
Венчај се кога годината е нова, тој ќе биде вљубен, добар и искрен.

вербализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Составување на протокол, писмено сослушување.
Англиски: verbalisation Албански: verbalizim

вештак повеќе

мн. вештаци
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист поканет пред суд да даде мислење по одделно прашање од својата струка.
Англиски: expert witness
Примери:
Мислењето на вештакот ги потврди сомневањата на судот.

вештачење повеќе

Види и: вештачи (несв.)
вештачењето
Вид збор: Именка, среден род
Доказно средство насочено кон дознавање на правно релевантни факти преку вештаци, кои поседуваат стручни знаења што ги нема судот или друг орган што ја води постапката.
Англиски: expertise

вештачи повеќе

вештачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава стручно мислење за одредено прашање пред судски орган.
Англиски: expertise
Примери:
Во тој спор вештачеше архитектот Арсовски.

вина повеќе

мн. вини
Вид збор: Именка, женски род
Престап, грешка на поединец или група во однос на општоприфатените норми.
Англиски: guilt Албански: fajësi
Примери:
Тој ја призна својата вина.
Психички однос на сторител на кривично дело спрема стореното дело и последицата од него.
Англиски: guilt Албански: fajësi
Примери:
Со длабоко чувство на вина тој си заминал оддома во белиот свет.

владеење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Господарење, можност да се оствари некое право.
Англиски: rule Албански: sundim
Примери:
Владеење на правото.

вонпарничен повеќе

вонпарничниот
Вид збор: Придавка
Што е вон парница (судски одлуки за лични, семејни, имотни и други правни работи).
Англиски: non-contentious
Примери:
вонпарнично право

вонсудски повеќе

вонсудска
Вид збор: Придавка
Вон вообичаените судски процедури.
Англиски: extrajudicial
Примери:
вонсудски договор

второосомничен повеќе

второосомничениот
Вид збор: Придавка
Што е втор осомничен за извршено кривично дело, според тежината на кривичниот чин.
Примери:
второосомничен за земање поткуп

второстепен повеќе

второстепениот
Вид збор: Придавка
Што е втор по ред.
Англиски: second instance
Примери:
Второстепена работа.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш