Правда - категорија

Европол повеќе

(едн.)
Вид збор: Име
Европска полициска агенција за криминалистичко разузнавање на Европската унија.
Англиски: Europol

егзекутор повеќе

мн. егзекутори
Вид збор: Именка, машки род
Извршител на судски и други службени одлуки.
Англиски: executor Албански: ekzekutor

егзекуција повеќе

мн. егзекуции
Вид збор: Именка, женски род
Извршување смртна пресуда.
Англиски: execution Албански: ekzekutim
Примери:
Егзекуцијата беше извршена наредната недела пред мал број присутни.
Извршување на судска пресуда; одземање имот на должник.
Англиски: enforcement Албански: zbatim
Примери:
Тестаментот беше јавно прочитан, остануваше да се изврши егзекуција.

експропријација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Принудно одземање на приватен имот од страна на државата.
Англиски: expropriation

експроприра повеќе

експроприраат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши експропријација, одзема приватен имот во полза на државата.
Англиски: expropriate

екстрадира повеќе

екстрадираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, врши екстрадиција.
Англиски: extradite

екстрадиција повеќе

(едн.) екстрадицијата
Вид збор: Именка, женски род
Правна постапка во која обвинет или осуден човек од една држава и со престој во друга држава и се предава на првата држава за да биде суден или да ја издржи казната.
Англиски: extradition
Примери:
Екстрадиција на осуден криминалец.

ерга омнес повеќе

Вид збор: Сложенка
Латинска фраза со значење „кон сите“ или „кон секого“.
Латински: erga omnes
Примери:
Името да се употребува ерга омнес.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш