лажни
Вид збор: Придавка
Што е фалсификуван.
Примери:
лажно име, лажни документи
легални
Вид збор: Придавка
Што е во согласност со законот, што е дозволен.
Примери:
Легална организација.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
легислативни
Вид збор: Придавка
Што е овластен да донесува закони.
Примери:
легислативна периода на Парламентот
легитимни
Вид збор: Придавка
Што е во согласност со законот, законски, законит.
Примери:
легитимен претставник
легитимираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, извршува проверка на нечија легитимација.
Примери:
Полицаецот го легитимира возачот.
(едн.) легитимитетот
Вид збор: Именка, машки род
Согласност со правдата и праведност.
лежат
Вид збор: Глагол, несвршен
Издржува затворска казна.
Англиски:
lie
Албански:
vuaj
Примери:
Има уште шест месеци да лежи од казната.
мн. ликвидации
Вид збор: Именка, женски род
Прекратување на дејноста, на трговско претпријатие, установа, организација заради неликвидност, презадолженост итн.
мн. ловокрадци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што лови без дозвола.
мн. ловочувари
Вид збор: Именка, машки род
Чувар што ги надгледува ловиштата.
мн. лустратори
Вид збор: Именка, машки род
Личност што врши лустрација.
Примери:
Според лустраторот тие имаат право на жалба пред Управниот суд.
(едн.) лустрацијата
Вид збор: Именка, женски род
Преиспитување активности од времето пред сегашниот поредок.
Примери:
Со измените на Законот за лустрација е предвидено да бидат опфатени сите вршители на јавни дејности.
лустрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Преиспитува активности од времето пред сегашниот поредок.