Правда - категорија

надоместок повеќе

мн. надоместоци
Вид збор: Именка, машки род
Давачка, противвредност што се дава за извршена уcлуга, за направена штета и др.
Англиски: compensation Албански: kompensim

налог повеќе

мн. налози
Вид збор: Именка, машки род
Наредба, добиена службена задача.
Англиски: warrant Албански: urdhër
Примери:
Налог за апсење.

налогодавач повеќе

мн. налогодавачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што го издал налогот.
Англиски: issuer of order
Примери:
Тој е налогодавач и нарачател.

налогоземач повеќе

мн. налогоземачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што го зема, го прима налогот.
Англиски: contractor

наркобос повеќе

мн. наркобосови
Вид збор: Именка, машки род
Тој што го контролира растурањето и продавањето на наркотици; бос на наркодилерите.
Англиски: narco boss

наркодилер повеќе

мн. наркодилери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со растурање, продавање наркотици; продавач на дрога.
Англиски: drug dealer

насилник повеќе

мн. насилници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прави насилство.
Англиски: bully, criminal Албански: dhunues, kriminel
Примери:
Девојката беше беспомошна пред очите на насилникот.

наследен повеќе

наследниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на наследство.
Англиски: heritance
Примери:
Наследно право.

насрочи повеќе

насрочат
Вид збор: Глагол, свршен
Определи ден на судска расправа.
Англиски: schedule
Примери:
Предметот го насрочија за идниот четврток.

натурализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Примање странски државјанин или лице без државјанство во државјанство на една држава.
Англиски: naturalization

натурализира повеќе

натурализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава државјанство на странец.
Англиски: naturalize

невалиден повеќе

невалидниот
Вид збор: Придавка
Што не е валиден, што нема важност, законска основа.
Англиски: invalid
Примери:
невалидно решение, невалиден одговор

невиност повеќе

(едн.) невиноста
Вид збор: Именка, женски род
Без вина, без кривица, без доказ на сторено кривично дело
Англиски: innocence Албански: pafajësi
Примери:
Тој се колнеше во својата невиност.

недокажан повеќе

недокажаниот
Вид збор: Придавка
Што не е докажан, што не е потврден со докази.
Англиски: unproven
Примери:
недокажано обвинување

недокажлив повеќе

недокажливиот
Вид збор: Придавка
Што не може да се потврди со доказ.
Англиски: unprovable
Примери:
Недокажливо тврдење.

недопуштен повеќе

недопуштениот
Вид збор: Придавка
Што не е допуштен, не е дозволен.
Англиски: illicit
Примери:
недопуштен потег

незаконие повеќе

Види и: беззаконие (ср.)
мн. незаконија
Вид збор: Именка, среден род
беззаконие
Англиски: lawlessness

незаконит повеќе

незаконитиот
Вид збор: Придавка
Што не е законит, што не е според законот, што не е заснован на закон.
Англиски: illegal
Примери:
Незаконита постапка.

незаконски повеќе

незаконскиот
Вид збор: Придавка
Што не е законски, што не е во духот на законите.
Англиски: illegal
Примери:
Незаконско однесување.

неиспитан повеќе

неиспитаниот
Вид збор: Придавка
неиспрашан, несослушан
Англиски: unquestioned
Примери:
неиспитан сведок

неисполнување повеќе

мн. неисполнувања
Вид збор: Именка, среден род
Отсуство на одредени договорени услови.
Англиски: nonperformance
Примери:
При неисполнување на условите договорот автоматски се смета за раскинат.

неказнив повеќе

неказниви
Вид збор: Придавка
Што не се казнува.
Англиски: not punishable

нелегален повеќе

нелегалниот
Вид збор: Придавка
Што не е легален, што не е дозволен од законот.
Англиски: illegal
Примери:
Нелегална трговија.

неосудуван повеќе

неосудуваниот
Вид збор: Придавка
Што не е осудуван.
Англиски: not convicted
Примери:
неосудувано лице

непрописен повеќе

непрописниот
Вид збор: Придавка
Што не одговара, не е во согласност со прописите.
Англиски: irregular
Примери:
Непрописна брзина.

несторување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Неизвршување должост, пропуст да се стори нешто.
Англиски: omission
Примери:
Може да се побара одговорност и поради несторување.

неуставен повеќе

неуставниот
Вид збор: Придавка
Што не е во согласност со уставот.
Англиски: unconstitutional
Примери:
неуставен закон

ништовен повеќе

ништовни
Вид збор: Придавка
Што нема важност, што престанал да важи.
Англиски: void
Примери:
ништовен договор

номинален повеќе

номинални
Вид збор: Придавка
Што го има само како име, назначен на хартија, а не вистински.
Англиски: nominal
Примери:
Номинална вредност.

нотар повеќе

мн. нотари
Вид збор: Именка, машки род
Овластено лице што врши правни услуги во оформување и заверување на разни правни документи.
Англиски: notary public

нотарски повеќе

нотарска
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на нотар и на нотарка.
Англиски: notary
Примери:
нотарски акти
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш