Политика - категорија

авангарда повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Она што предничи, што предводи во некоја идеја или движење.
Англиски: avantgarde Албански: avangardë
Примери:
Партијата е авангарда на националното движење.

автократ повеќе

мн. автократи
Вид збор: Именка, машки род
Неограничен господар, владетел, самодржец.
Англиски: autocrat

автократизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Неограничено, апсолутистичко владеење на еден човек; самовластие што со сите средства ја ограничува слободата на граѓаните.
Англиски: autocracy

автократија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Неограничена власт во рацете на едно лице.
Англиски: autocracy

автономизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Движење што се стреми кон остварување на автономија на одредена област.

авторитарен повеќе

авторитарни
Вид збор: Придавка
Што не трпи приговор.
Англиски: authoritarian
Примери:
авторитарно однесување

агитација повеќе

мн. агитации
Вид збор: Именка, женски род
Усна или писмена дејност со цел да се дејствува на масите преку ширење на определени идеи; средство на политичка борба, поттикнување, наговарање.
Англиски: political agitation
Примери:
Нивната агитација беше постојана и моќна.

агитира повеќе

агитираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши агитација, се занимава со агитација.
Англиски: agitate Албански: agjitoj
Примери:
Тој агитираше меѓу работниците, но тие не го земаа сериозно.

агитпроп повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Скратеница за агитација и пропаганда; одделение за агитација и пропаганда кај политички и други организации.
Примери:
Тој беше во еден од баталјоните, а јас во агитпропот на бригадата.

агитпроповски повеќе

агитпроповскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува како агитпроп, наликува на агитпроп.
Примери:
Идеологизација на функциите на уметноста на агитпроповски начин.

адвокатува повеќе

адвокатуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши функција на правник, на правно лице.
Албански: avokat
Примери:
Тој адвокатува со неколку фирми.

азил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Заштита што една држава им ја укажува на политичките емигранти од странски земји.
Англиски: asylum Албански: azil
Примери:
Им даде азил на воените бегалци кога беа најзагрозени.

акламација повеќе

мн. акламации
Вид збор: Именка, женски род
Избор без гласање, со ракоплескање и со гласно одобрување.
Англиски: acclamation Албански: brohoritje
Примери:
Собранието со акламација го изгласа Законот за следење на комуникациите.

акламира повеќе

акламираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Избира без гласање, со ракоплескање или со гласно извикување.
Англиски: acclaim Албански: brohorit
Примери:
Делегатите со силно ракоплескање му акламираа на Претседателот.

актив повеќе

мн. активи
Вид збор: Именка, машки род
Организирана група луѓе што се истакнува особено во вршењето на некаква дејност.
Англиски: group Албански: grup
Примери:
Активот на жените на Македонија организираше посета на црквата Св. Спас.

активист повеќе

мн. активисти
Вид збор: Именка, машки род
Активен член на некоја група, заедница; човек што се занимава активно со политика или со некоја друга работа.
Англиски: activist
Примери:
Тој е голем активист.

албанофобија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Болна, претерана страв од Албанците.
Англиски: albanophobia
Примери:
Непријателите ги обвинија за албанофобија.

анархизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Социјална теорија што ја отфрла потребата од власт и пропагира целосна слобода на личноста.
Англиски: anarchism Албански: anarkizëm
Примери:
Се истакна со остри говори против анархизмот на младите.

анархија повеќе

мн. анархии
Вид збор: Именка, женски род
Отсуство на утврден поредок.
Англиски: anarchy
Примери:
Ваквиот хаос води кон анархија.

анархист повеќе

мн. анархисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на анархизмот.
Англиски: anarchist Албански: anarkist

англо-американски повеќе

англо-американскиот
Вид збор: Придавка
Што е заеднички со Англија и Америка (САД).
Англиски: anglo-american
Примери:
англо-американска агресија

антиамерикански повеќе

антиамериканскиот
Вид збор: Придавка
Што е против Соединетите Американски Држави.
Англиски: antiamerican
Примери:
антиамерикански демонстрации

антивладин повеќе

антивладини
Вид збор: Придавка
Што е против владата.
Англиски: anti-government
Примери:
антивладини демонстрации

антидемократски повеќе

антидемократска
Вид збор: Придавка
Што не е демократски, што е против демократијата.
Англиски: antidemocratic
Примери:
антидемократски чин

антидржавен повеќе

Види и: противдржавен (прид.)
антидржавниот
Вид збор: Придавка
противдржавен
Англиски: subversive
Примери:
Почнаа претреси кај сомнителните антидржавни елементи.

антиевропски повеќе

антиевропскиот
Вид збор: Придавка
Што е против Европската Унија.
Англиски: anti-european
Примери:
антиевропска политика

антизападен повеќе

антизападни
Вид збор: Придавка
Тој што е политички ориентиран против политиките на западните земји.
Примери:
антизападни пропагандисти

антикампања повеќе

мн. антикампањи
Вид збор: Именка, женски род
кампања против нешто; негативна кампања
Примери:
системот на перманентна антикампања

антиквизација повеќе

(едн.) антиквизацијата
Вид збор: Именка, женски род
Политизирање на општеството со теми од историјата и антиката.
Англиски: antiquisation
Примери:
антиквизација на општеството

антиклерикален повеќе

антиклерикалниот
Вид збор: Придавка
Што е против црквата и против свештенството.
Англиски: anticlerical
Примери:
антиклерикална политика

антикомунистички повеќе

антикомунистичкиот
Вид збор: Придавка
Што е против комунизмот.
Англиски: anticommunist
Примери:
антикомунистички активист

антикорупција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
противкорупција
Примери:
политика за антикорупција

антикорупциски повеќе

антикорупциска
Вид збор: Придавка
Што е против корупцијата.
Англиски: anti-corruption
Примери:
антикорупциска комисија

антимакедонски повеќе

антимакедонскиот
Вид збор: Придавка
Што е против македонските интереси.
Примери:
антимакедонска мрежа

антимарксистички повеќе

антимарксистичкиот
Вид збор: Придавка
Што е против марксизмот.
Примери:
антимарксистички став

антимилитаризам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Што е насочен против милитаризмот.
Англиски: antimilitarism
Примери:
Политички дискурс на антикапитализам, антимилитаризам и антиапсолутизам.

антинационален повеќе

антинационалниот
Вид збор: Придавка
Што е против нацијата.
Примери:
антинационален акт

антисемит повеќе

мн. антисемити
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на антисемитизмот.
Англиски: anti-Semite
Примери:
антисемит и расист

антисемитизам повеќе

(едн.) антисемитизмот
Вид збор: Именка, машки род
Непријателство, нетрпеливост спрема еврејскиот народ врз расна и национална основа.
Англиски: anti-Semitism

антисоцијалистички повеќе

антисоцијалистичкиот
Вид збор: Придавка
Што е против социјализмот.
Англиски: anti-socialist
Примери:
антисоцијалистички закони

антифашизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Политичко движење против фашистичката идеологија.

антифашист повеќе

мн. антифашисти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се бори против фашизмот.

антицивилизациски повеќе

антицивилизацискиот
Вид збор: Придавка
Што е против цивилизацијата или цивилизираноста.
Примери:
антицивилизациски постапки

апартхејд повеќе

(едн.) апартхејдот
Вид збор: Именка, машки род
Политика на расна дискриминација, делење на населението врз расна основа.
Англиски: apartheid

аполитичен повеќе

аполитичниот
Вид збор: Придавка
Што е незаинтересиран за политика.
Примери:
Ова е аполитична колумна, нема да пишувам за политика.

апсолутизам повеќе

(едн.) апсолутизмот
Вид збор: Именка, машки род
Неограничено владеење на еден човек (или на група луѓе) без контрола и ограничување.
Англиски: absolutism

апсолутист повеќе

мн. апсолутисти
Вид збор: Именка, машки род
приврзаник на апсолутизмот
Англиски: absolutist Албански: apsolutist
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш