Пејоратив - категорија

ганѕало повеќе

мн. ганѕала
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се ганѕа.
Англиски: creep
Примери:
Со ганѕала како тебе работата нема да врви.

главуч повеќе

мн. главучи
Вид збор: Именка, машки род
Човек со голема глава.
Англиски: egghead Албански: kokëmadh
Примери:
Го викавме главуч зашто имаше голема глава.

глувтар повеќе

мн. глувтари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што слабо слуша, што недослушува.
Примери:
Глувтар е, жими сѐ.

глупак повеќе

мн. глупаци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што е глупав.
Англиски: fool

глупчо повеќе

мн. глупчовци
Вид збор: Именка, машки род
глупак
Англиски: fool

гнида повеќе

мн. гниди
Вид збор: Именка, женски род
никаквец, ништожник
Англиски: rascal Албански: viran, kopuk
Примери:
Каде беше досега, ти, гнидо проклета?

гомнар повеќе

мн. гомнари
Вид збор: Именка, машки род
никаквец
Англиски: shithead
Примери:
Гомнар еден, ти ќе ми кажуваш што да правам!

грбло повеќе

мн. грбловци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е грбав.
Англиски: hunchbacked, humpbacked
Примери:
Кога, пак, би го слушнале неговиот глас позајмен на грблото Квазимодо во анимираниот „Ѕвонарот од Нотр дам“, никој неговото име на шпицата не би го поврзал со неодоливо шармантниот и бескрајно талентиран Амадеус од филмот на Форман.

гребатор повеќе

мн. гребатори
Вид збор: Именка, машки род
Човек што живее на сметка на други.
Англиски: sponge
Примери:
Во утрешниот број на списанието читајте ја темата за слободата на медиумите, довербата, моралот и гребаторите.

гуска повеќе

мн. гуски
Вид збор: Именка, женски род
глупава жена
Англиски: goose Албански: patë
Примери:
Се дружиш со таа гуска?
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - ц - ч - џ - ш