Пејоратив - категорија

разбојник повеќе

мн. разбојници
Вид збор: Именка, машки род
неранимајко, непрокопсаник
Англиски: good-for-nothing Албански: mangup, bandit
Примери:
Бегај дома, разбојник ниеден!

разлока повеќе

Види и: лока (несв.)
разлокаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разлока) Почне многу да пие.
Албански: pi shumë
Примери:
Пак си се разлокал.

расчепинозе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
неморална жена
Англиски: slut

режира повеќе

режираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Намести, мести нешто против некого.
Англиски: direct Француски: régir Албански: regjisoj
Примери:
Владата ги режираше протестите.

режисер повеќе

мн. режисери
Вид збор: Именка, машки род
сплеткар, интригант
Англиски: schemer Албански: intrigant, ngatërrestar
Примери:
Тој е режисер на семејните караници.

рептил повеќе

мн. рептили
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се однесува понизно, се потчинува.
Англиски: creep
Примери:
Пред шефот тој е рептил.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - ц - ч - џ - ш