мн. жабари
Вид збор: Именка, машки род
Погрден назив за Италијанците поради обичајот да јадат жаби.
мн. женкари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што претерано им се додворува на жените, што трча по жени.
Примери:
Тие биле големи женкари и од нив пиштеле и момите и жените.
Вид збор: Именка, машки род
женкар
Примери:
За секој женскар си постои девојка којашто кога-тогаш ќе го смири.
женскасти
Вид збор: Придавка
За машко со нагласени женски особини.
Примери:
многу женскаст тип