break - онтологија

брејк повеќе

мн. брејкови
Вид збор: Именка, машки род
(тенис) Освоен гем на сервис на противникот.
Употреба: Спорт
Примери:
Шпанецот можеше да се спаси во понатамошниот тек на играта, но Ѓоковиќ спаси две брејк топки и го освои сетот.

докрши повеќе

докршат
Вид збор: Глагол, свршен
Крши, искрши до крај.
Примери:
Ги докршив чашите.

задроби повеќе

задробат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дроби нешто.
Албански: thërmoj
Примери:
Задроби од лебот во чинијата со млеко.

закрши повеќе

Види и: крши (несв.)
закршат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да крши нешто.
Албански: thyej
Примери:
Тој ги закрши сувите гранки со нозете.

заштипе повеќе

Види и: штипе (несв.)
заштипат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да откинува од нешто со штипење.
Албански: thyej
Примери:
Заштипеа децата од пресниот мирислив леб.

издроби повеќе

издробат
Вид збор: Глагол, свршен
искрши
Албански: thej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му ги издробија коските од ќотек.

изнакрши повеќе

Види и: накрши (св.)
изнакршат
Вид збор: Глагол, свршен
Искрши, накрши многу, во голема количина.
Примери:
Изнакрши суви гранки и почна да ги товара на магарето.

искрши повеќе

искршат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрши, раздели целина на парчиња, уништи со кршење.
Албански: thyej
Примери:
Детето ги искрши играчките.

испокрши повеќе

испокршат
Вид збор: Глагол, свршен
Искрши повеќе предмети.
Албански: thyej
Примери:
Ги испокрши чашите.

испрекрши повеќе

Види и: прекрши (св.)
испрекршат
Вид збор: Глагол, свршен
Прекрши на повеќе места или повеќе пати.
Примери:
Опашката на кучето беше испрекршена и се влечеше по него.

исчепи повеќе

исчепат
Вид збор: Глагол, свршен
Откине, оддели нешто од нешто.
Албански: shkëput, ndaj
Примери:
Ја исчепи гранката на која се бесеше.

кине повеќе

кинат
Вид збор: Глагол, несвршен
Нанесува некому голема физичка или психичка болка, мачи.
Албански: thyej, këpus
Употреба: Преносно значење
Примери:
Мислата дека ќе се раздели од него ѝ го кинеше срцето.

крни повеќе

крнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Доведува нешто да не биде целосно, нарушува целина, откршува.
Турски: kırmak

крши повеќе

кршат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со употреба на сила, со удар дроби на парчиња, одвојува од целина, разделува на делови.
Албански: thej
Примери:
Тој крши ореви.
Не се придржува кон обичај, договор, норма, закон.
Албански: thej, prish
Употреба: Преносно значење
Примери:
Крши закон.

кршне повеќе

кршнат
Вид збор: Глагол, свршен
Крши малку.
Албански: thej pak
Примери:
Тој кршна од лебот.

ломи повеќе

ломат
Вид збор: Глагол, несвршен
Крши нешто.
Албански: thej
Употреба: Народна поезија
Примери:
Коски ломи.

накрши повеќе

накршат
Вид збор: Глагол, свршен
Открши, скрши парче од нешто.
Албански: thej
Примери:
Го накрши лебот.
Искрши доволно или многу нешто.
Албански: thej
Примери:
Накрши прачки и запали оган.
(се накрши) Искрши доволно, се задоволи, се наработи со кршење.
Албански: thej
Примери:
Се накрши ореви.

наруши повеќе

нарушат
Вид збор: Глагол, свршен
Прекрши, престапи определена норма, закон и сл.
Албански: prish, ndërprej
Примери:
Ги наруши правилата за работа.

одлушне повеќе

одлушнат
Вид збор: Глагол, свршен
Оштети со откршување, одделување на мал дел од нешто.
Албански: coptohet, prishet
Примери:
Миејќи го таа го одлушна тенџерето.
(се одлушне) Се оштети со откршување, одделување на мал дел од нешто.
Албански: coptohet, thehet, prishet
Примери:
Ми се одлушна филџанот.

окрши повеќе

окршат
Вид збор: Глагол, свршен
скрши
Албански: thej
Примери:
Падна и ја окрши ногата.
Оддели, отстрани дел од нешто со кршење.
Албански: thej
Примери:
Окрши едно парче од топлиот леб.
(се окрши) се скрши
Албански: thej
Примери:
Вазната падна и се окрши.

открти повеќе

откртат
Вид збор: Глагол, свршен
Открши, одвои нешто со кртење.
Албански: shkëput
Примери:
Ја открти вратата.

открши повеќе

откршат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели парче од нешто со кршење.
Албански: këpus, coptoj
Примери:
Дана открши парче леб и му го даде на детето.
(се открши) Се оддели од нешто со кршење.
Албански: thej, coptoj
Примери:
Се открши едно парче од штицата.

ошути повеќе

ошутат
Вид збор: Глагол, свршен
Открши дел од нешто.
Албански: thyej
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Го ошутил стомнето.

пајдос повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Прекин на работата, одмор, пауза, починка од работа.
Турски: paydos
Употреба: Архаизам , Разговорно
Примери:
Доста работевте, сега ќе правиме пајдос, да ручате.

погази повеќе

Види и: гази (несв.)
погазат
Вид збор: Глагол, свршен
Не изврши ветување, изневери.
Албански: shkel premtimin
Употреба: Преносно значење
Примери:
Погази даден збор.

покрши повеќе

Види и: крши (несв.)
покршат
Вид збор: Глагол, свршен
Крши малку или уште малку повеќе.

пооткрши повеќе

Види и: открши (св.)
пооткршат
Вид збор: Глагол, свршен
Открши малку, донекаде парче од нешто.
Примери:
Пооткрши од лебот и излезе да игра.

попрекрши повеќе

Види и: прекрши (св.)
попрекршат
Вид збор: Глагол, свршен
Прекрши, откине малку од нешто.
Примери:
Тој попрекрши од лебот и седна да јаде.

поткрши повеќе

поткршат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрши одоздоле.
Албански: thyej
Примери:
Тој ги поткрши сувите гранки на дрвцето.

потпукне повеќе

Види и: напукне (св.)
потпукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Пукне малку на некое место.

пребие повеќе

Види и: бие (несв.)
пребијат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрши на две или повеќе места.
Албански: thej
Примери:
Тие му ја пребија раката.
За светлина, зрак - прекрши.
Албански: thej
Примери:
Ова ќе ги пребие зраците.
Израмни, покрие долгови со побарувања преку финансиска или друга операција.
Албански: rentabilitet
Употреба: Економија
Примери:
Не знаеше како да ги пребие трошоците.

прекрши повеќе

прекршат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрши, открши дел од нешто, раздели на два или повеќе делови со кршење.
Албански: thyej
Примери:
Го прекрши лебот насреде.
Скрши, искрши (коски на раце, нозе) тепајќи некого.
Албански: thyej
Примери:
Со стапот му ги прекрши нозете на кучето.
За зрак - промени правец при минување од една средина во различна, друга средина.
Албански: thyej
Употреба: Физика
Примери:
Призмата ги прекрши зраците на сонцето.
(се прекрши) За зрак - промени правец.
Албански: thyej
Употреба: Физика
Примери:
Зраците се прекршија во водата.

преломи повеќе

преломат
Вид збор: Глагол, свршен
прекрши
Албански: thej

провали повеќе

провалат
Вид збор: Глагол, свршен
Насилно влезе.
Албански: depërtoj
Примери:
Ноќеска двајца провалиле во маркетот.
пробие
Албански: depërtoj
Примери:
Непријателот го провали одбранбениот обрач.
Насилно отвори, скрши.
Албански: thyej
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Некој ја провалил вратата, но не успеал ништо да земе.

пукне повеќе

пукнат
Вид збор: Глагол, свршен
При кршење добие пукнатини, проследено со пукот.
Албански: thyerje
Примери:
Стомната пукна, се скрши и истече водата од неа.
Почне, дојде, се појави нешто - годишно време, природна појава.
Албански: filloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Надвор силно пукнало сонце.

разбие повеќе

разбијат
Вид збор: Глагол, свршен
Со удирање направи нешто на парчиња.
Албански: copëtoj
Примери:
Ја разби детето стомната со вода.

разбоздиса повеќе

(се) разбоздисаат
Вид збор: Глагол, свршен
скрши, расипе, расклопи
Турски: bozmak Албански: thej
Употреба: Разговорно
(се разбоздиса) се скрши, се расипе, се расклопи
Турски: bozmak Албански: thehet
Употреба: Разговорно

разбоздисува повеќе

Види и: разбоздиса (св.)
(се) разбоздисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разбоздиса
Турски: bozmak
Употреба: Разговорно

раскрши повеќе

раскршат
Вид збор: Глагол, свршен
(се раскрши) Се скрши, се разбие на делови.
Албански: thyej
Примери:
Се раскршил лебот во торбата.

распука повеќе

распукаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се распука) За срце, душа - раскине.
Албански: ndal
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од жал срцето ѝ се распука.

расцепи повеќе

расцепат
Вид збор: Глагол, свршен
(се расцепи) Стане на делови.
Албански: copëtoj
Примери:
Се расцепија куќите.

скрши повеќе

скршат
Вид збор: Глагол, свршен
Со удирање направи нешто на парчиња; со удар разбие, раскрои; со удар повреди некој дел на телото.
Албански: thyej
Примери:
Ми го скрши лустерот.
(се скрши) Се распадне на парчиња.
Албански: copëtoj
Примери:
Се скрши гранката.

скршне повеќе

скршнат
Вид збор: Глагол, свршен
скрши малку
Албански: thej, këpus
Примери:
Скршни едно парче леб.

скршува повеќе

Види и: скрши (св.)
(се) скршуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разбива

сломи повеќе

сломат
Вид збор: Глагол, свршен
скрши
Употреба: Народна поезија
Примери:
Море лудо, кутро младо! / позапри си брза коња, / да н‘ ме згазиш, да н‘ ме сломиш.

сокрши повеќе

Види и: скрши (св.)
(се) сокршат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) скрши

сокршува повеќе

Види и: сокрши (св.)
(се) сокршува
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) скршува

соскрши повеќе

Види и: сокрши (св.)
(се) соскршат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) скрши, (се) искрши
Употреба: Ретко

строши повеќе

строшат
Вид збор: Глагол, свршен
искрши, скрши
Албански: thej
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Ги строши чевлите од одење.
(се строши) се искрши, се скрши
Албански: thej
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Кристалот се строши.

цезура повеќе

мн. цезури
Вид збор: Именка, женски род
Кратка пауза на определено место во стих.
Албански: pauzë
Употреба: Литература , Поетски збор