catch - онтологија

догребе повеќе

догребат
Вид збор: Глагол, свршен
(се догребе) Стигне, се добере некаде со мака, кришум.
Албански: kap, zë, arrij
Примери:
Од клупа на клупа тој се догреба до првата.

доисфаќа повеќе

Види и: исфаќа (св.)
доисфаќаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Исфаќа сѐ, сите до еден.

долови повеќе

доловат
Вид збор: Глагол, свршен
Сфати, разбере, проникне во суштината на нешто; прими нешто преку сетилата.
Албански: kap
Примери:
Сакаше да го долови секој детаљ.

зграби повеќе

зграбат
Вид збор: Глагол, свршен
Брзо и грубо фати, земе нешто со рацете.
Албански: grabis shpejt
Примери:
Тој го зграби за вратотот, но се сепна и веднаш го пушти.

зграпчи повеќе

зграпчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зграпчи) Се фати еден со друг, се грабне.
Албански: kap
Примери:
Двајцата се зграпчија и почнаа да се слушаат тупаници.

излови повеќе

Види и: улови (св.)
изловат
Вид збор: Глагол, свршен
Улови големо количество (риби), многу (дивеч), улови сè.
Примери:
Рибарите ги изловија сите риби во езерото.

изнафати повеќе

изнафатат
Вид збор: Глагол, свршен
Фати нешто во голем број.
Албански: kap, zë shumë
Примери:
Изнафати риби за вечера.

испофати повеќе

испофатат
Вид збор: Глагол, свршен
Фати во голем број, сите.
Албански: kap, zë
Примери:
Е, вие ги испофаќавте сите риби, ништо не оставивте за другите! Полицијата ги испофати крадците.
Пребирајќи пофати многу нешта, сите.
Албански: prek, kap
Примери:
За да земе еден леб, ги испофати сите.

исфати повеќе

исфатат
Вид збор: Глагол, свршен
Фати повеќемина или улови во голем број.
Албански: kap, gjuaj
Примери:
Ги исфатиле осомничените.

лапне повеќе

лапнат
Вид збор: Глагол, свршен
Грабне нешто, стекне нешто без напор.
Албански: kap, grabit
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Му ги лапнаа парите.

налови повеќе

наловат
Вид збор: Глагол, свршен
Улови многу, во голем број.
Албански: gjuaj shumë
Примери:
Налови риби за вечера.

нафати повеќе

нафатат
Вид збор: Глагол, свршен
Фати, налови многу, во големо количество (риби, птици, дивеч).
Албански: kap

нафаќа повеќе

нафаќаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со фаќање добие, налови многу, големо количество (риба, дивеч).
Албански: kap, zë shumë

начека повеќе

начекаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се начека) При паѓање - се задржи, се помогне.
Албански: kap
Примери:
Кога паднал, се начекал на раце.

пипне повеќе

Види и: пипа (несв.)
пипнат
Вид збор: Глагол, свршен
фати
Албански: kap, prek
Употреба: Разговорно
Примери:
Го пипнале тој криминалец.

пречека повеќе

пречекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дофати, прими в раце.
Албански: pranoj, kap
Примери:
Ти фрли го клучот од балконот, јас долу ќе го пречекам.

придржи повеќе

придржат
Вид збор: Глагол, свршен
(се придржи) Се задржи малку, се потпре да не падне.
Албански: mbahem, mbështetem
Примери:
Едвај се придржав со двете раце за оградата.

улови повеќе

уловат
Вид збор: Глагол, свршен
За дивеч, риби, птици: фати во лов, живи или со отепување.
Албански: gjuaj
Примери:
Улови голема риба.
узнае
Албански: gjuaj, kap
Употреба: Преносно значење
Примери:
Улови некој збор.

фане повеќе

Види и: фати (св.)
фанат
Вид збор: Глагол, свршен
фати
Употреба: Дијалектен збор

фати повеќе

фатат
Вид збор: Глагол, свршен
Задржи, запре со раце нешто што се движи, што лета, што се оддалечува.
Албански: mban
Примери:
Ја фатија мачката.
Улови жив дивеч, риба со специјална направа.
Албански: gjuej
Примери:
Фативме лисица со стапица.
Успее да се качи навреме на превозно средство.
Албански: hyp
Употреба: Разговорно
Примери:
Го фати првиот воз.
се задржи, се затврди
Албански: mban
Примери:
Нема малтерот да фати.
Затече, завари на пат при патување.
Албански: kapur
Примери:
Не фати дожд на патот.
Се наполни со паразити.
Албански: mbush
Употреба: Разговорно
Примери:
Фати вошки.
(се фати) За риба, дивеч - падне в стапица, мрежа, примка и сл.
Албански: kap
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се фати само еден волк.

фаќа повеќе

фаќаат
Вид збор: Глагол, несвршен
фати
Албански: kap, zë
Употреба: Разговорно
Примери:
Како ти фаќа умот?

чапне повеќе

чапнат
Вид збор: Глагол, свршен
фати, грабне
Примери:
Тие ја чапнале од мајка ѝ.