clear - онтологија

ачик повеќе

Вид збор: Придавка
отворен, јасен, бистар
Турски: açık
Употреба: Неменлив збор , Разговорно
Примери:
ачик човек

безоблачен повеќе

безоблачниот
Вид збор: Придавка
Што е без облаци, ведар, сончев.
Примери:
безоблачен ден

бистар повеќе

бистриот
Вид збор: Придавка
Што е проѕирен и чист.
Албански: i kthjellët,i pastër, i tejdukshëm
Примери:
бистар кладенец
јасен, блескав, сјаен
Албански: shndritshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
бистар воздух

бистри повеќе

бистрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто да биде бистро.
Албански: pastroj, kthielloj
Примери:
Специјални филтри ја бистрат водата.
Прави нешто да биде чисто, ведро.
Албански: pastroj, çelë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ветрот го бистри небото и воздухот.
(се бистри) Станува бистар, се разбиструва (за течност).
Албански: pastrohet
Примери:
Водата во кладенецот се бистреше.
(се бистри) Станува јасен, светол.
Албански: kthiellohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се бистри времето.

ведар повеќе

ведриот
Вид збор: Придавка
Што е јасен, без облаци.
Примери:
Ноќта беше ведра, полна со месечина.

доизбистри повеќе

Види и: избистри (св.)
доизбистрат
Вид збор: Глагол, свршен
За вода, течност или раствор - направи да се избистри сосема до крај.
Албански: i pastër
Примери:
Рибата - чистач ја доизбистри водата во аквариумот.
Се доизбистри, стане бистар.
Албански: pastroj
Примери:
Небото се доизбистри.
Се доизбистри (прен.), добие поранешен сјај.
Албански: i pastër
Примери:
Очите ми се доизбистрија кога ставив од капките.

доизјасни повеќе

Види и: изјасни (св.)
доизјаснат
Вид збор: Глагол, свршен
Изјасни нешто сосема, до крај.
Албански: sqaroj në tërësi
Примери:
Крчовски се обидува да го доизјасни изворното дело со детали.

дојасни повеќе

дојаснат
Вид збор: Глагол, свршен
Објасни до крај, разјасни.
Примери:
Го дојасни кажаното давајќи примери.

заведри повеќе

(се) заведрат
Вид збор: Глагол, свршен
(се заведри) Почне да се ведри.
Примери:
Времето се заведри.

знае повеќе

знам
Вид збор: Глагол, несвршен
(се знае) познато е, јасно е
Албански: qartë
Употреба: Безлично
Примери:
Се знае - на работа не смееш да доцниш.

избистри повеќе

Види и: бистри (несв.)
(се) избистрат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане бистар, се исчисти.
Примери:
Водата во изворот се избистри.

изведри повеќе

Види и: ведри (несв.)
изведрат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3л.) Направи да биде ведро.
Албански: kthjell
Примери:
Ветерот го изведри небото.
(се изведри) Стане ведро.
Албански: kthjellet
Примери:
Небото се изведри.

испразни повеќе

испразнат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи просторија (од луѓе, од мебел).
Албански: liroj
Примери:
Ја испразни собата.

јасен повеќе

јасни
Вид збор: Придавка
сјаен, светол
Примери:
Јасно сонце.
чист, ведар
Примери:
Јасно небо.
Разбирлив, точно определен, прецизен.
Примери:
Јас на мисла.

јасно повеќе

Вид збор: Прилог
разбирливо, точно
Албански: qartë
Примери:
Ништо не ми е јасно.

крчи повеќе

крчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ископува дрвја заедно со корењата.
Албански: shpyllzim
Примери:
Ја крчат лединката зарасната со драч и капини.
Пробива пат со расчистување.
Албански: hapje e rrugës
Примери:
Го крчеа патот за војската да помине.

начисто повеќе

Вид збор: Прилог
Без нејаснотии, разјаснето, јасно.
Примери:
Беше начисто дека по таа расправија треба да се разделат.

оправи повеќе

оправат
Вид збор: Глагол, свршен
За времето - се подобри, се расчисти, се разведри.
Албански: pastroj

подистави повеќе

Види и: истави (св.)
подистават
Вид збор: Глагол, свршен
Истави, помести нешто малку, само донекаде.
Албански: hek
Примери:
Подистави го автомобилот од патот, да поминам.

поразбистри повеќе

Види и: разбистри (св.)
поразбистрат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане побистро.
Албански: çiltërohet, kthjellet, kullohet
Примери:
Откако ја поразбистри водата, почна да црпи со кофата.
(се поразбистри) Станe побистар.
Албански: qartësohet, më i kthjellët
Примери:
Водата се поразбистри.

прегледен повеќе

прегледни
Вид збор: Придавка
Што е јасен, разбирлив, што лесно може да се прегледа.
Примери:
Прегледна карта.

пречисти повеќе

пречистат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани грешки, недоследности итн.
Албански: pastroj, qartësoj
Примери:
Го пречистив текстот.
(се пречисти) Стане одново чист.
Албански: pastroj
Примери:
Земјата тешко се пречистува од отровите.

провирен повеќе

провирни
Вид збор: Придавка
проѕирен, јасен
Албански: i tejdukshëm
Употреба: Преносно значење

проѕирен повеќе

проѕирни
Вид збор: Придавка
Што е ведар, чист, јасен.
Примери:
Проѕирно небо.

размрежи повеќе

размрежат
Вид збор: Глагол, свршен
Разјасни за очи, избистри замрежена глетка.
Примери:
Таа го размрежи погледот откако го тргна превезот.

раскопачи повеќе

раскопачат
Вид збор: Глагол, свршен
За шума - со копачење расчисти.
Употреба: Екологија
Примери:
За да се добие нова земја ја раскопачија шумата.

расправи повеќе

расправат
Вид збор: Глагол, свршен
За време - расчисти.
Албански: kthjelloj, çel
Примери:
Ветерот ќе го расправи времето.
За пат - раскопачи, отвори.
Албански: hap, çel
Примери:
Му го расправи патот татко му.
(се расправи) За време - се расчисти.
Албански: kthjelloj
Примери:
Да тргнеме попладне и времето ќе се расправи дотогаш.

расчисти повеќе

Види и: чисти (несв.)
расчистат
Вид збор: Глагол, свршен
За облаци, магла - отстрани, очисти.
Албански: spastroj, kthjelloj
Примери:
Само ветер да дувне, веднаш ќе ги расчисти облаците.
За поими, сметки, прашања - разбистри.
Албански: qartësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ние самите ќе го расчистиме тоа прашање.
(се расчисти) Стане чист, бистар.
Албански: shpaguaj
Примери:
Времето се расчисти.

свеж повеќе

свежи
Вид збор: Придавка
неизвалкан, чист
Албански: i pastër
Примери:
свежа вода, на свеж воздух

светол повеќе

светли
Вид збор: Придавка
(за течност) чист, прозрачен; (за глас) висок, јасен, со метален тембр.
Примери:
светли солзи

чист повеќе

чисти
Вид збор: Придавка
Без примеси што го менуваат или го расипуваат изгдедот.
Албански: i pastër
Примери:
Чисто (јасно) небо.
(за глас, звук) - јасен, звучен, што звучи јасно
Албански: i pastër
Примери:
Чист и мелодичен глас.
вистински
Албански: i vërtetë
Употреба: Преносно значење
Примери:
чиста љубов

чисти повеќе

чистат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се чисти) Станува јасен, се разјаснува.
Албански: qartësoj, kthjelloj
Примери:
Небото се чисти.