complete - онтологија

дозаокружи повеќе

Види и: заокружи (св.)
дозаокружат
Вид збор: Глагол, свршен
Комплетира, доврши творба, труд, истражување и сл.
Албански: kompletoj
Примери:
Романот дозаокружува содржински една етапа од творештвото на писателот.

докрај повеќе

Вид збор: Прилог
наполно, целосно, сосема
Примери:
Стилот е докрај субјективна и неповторлива појава.

дополни повеќе

дополнат
Вид збор: Глагол, свршен
Прави да биде комплетен, комплетира.
Албански: kompletoj
Примери:
Си ја дополни мислата загледан во реката.
(се дополни) Се потполни, се комплетира нешто.
Албански: kompletoj
Примери:
Неговиот животопис треба да се дополни.

изведе повеќе

изведат
Вид збор: Глагол, свршен
Во природните науки - величина, формула, опит.
Албански: nxjerr, kompletoj
Примери:
Учениците сами го изведоа опитот што им го зададе наставничката.

истокми повеќе

истокмат
Вид збор: Глагол, свршен
Дотера, нареди нешто, доведе во ред.
Албански: rregulloj, kompletoj
Примери:
Што мака видоа додека ги истокмија рамките.

комплетен повеќе

комплетни
Вид збор: Придавка
Што е потполн, што ги има cите делови.

комплетира повеќе

комплетираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Потполни, потполнува; дополни, дополнува нешто.

навакса повеќе

наваксаат
Вид збор: Глагол, свршен
Успее да заврши некоја работа до определено време.
Албански: kryej me kohë
Употреба: Разговорно
Примери:
Треба да наваксаме со копањето додека не заврнало.

наваса повеќе

навасаат
Вид збор: Глагол, свршен
навакса
Албански: kompletoj me kohë
Употреба: Разговорно

надотокми повеќе

Види и: натокми (св.)
надотокмат
Вид збор: Глагол, свршен
Дотокми, надомести тоа што недостига.
Албански: rimbush, plotësoj
Примери:
Ги надотокми паритешто недостигаа.

направи повеќе

направат
Вид збор: Глагол, свршен
Наполни, наврши определен број години.
Албански: përmbush
Примери:
Кога ќе направиш шест години, ќе заодиш на училиште.

оформен повеќе

оформениот
Вид збор: Придавка
Што ја достигнал конечната форма.
Примери:
оформена личност

пајдосува повеќе

пајдосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
свршува, завршува работа
Албански: mbaroj, kryej
Употреба: Архаизам , Разговорно

полни повеќе

полнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Навршува определен број години.
Албански: mbush, bën
Примери:
Мајка ми полни 80 години.

помине повеќе

поминат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши, дојде до крај.
Албански: mbaroj, merr fund
Примери:
Свадбата помина весело.

потполни повеќе

потполнат
Вид збор: Глагол, свршен
Дополни нешто, додаде конт тоа што се има.
Албански: plotësoj, kompletoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги потполни своите знаења.

прави повеќе

прават
Вид збор: Глагол, несвршен
За возраст, години - има, полни, навршува.
Албански: i plotë
Примери:
Денес син ми прави десет години.

сврши повеќе

свршуваме
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши школување.
Албански: përfundoj
Примери:
Сврши гимназија.

сработи повеќе

сработат
Вид збор: Глагол, свршен
Сврши некоја работа.
Албански: kryej punën, kompletij
Примери:
Ја сработи сета работа.

стонастотен повеќе

стонастотниот
Вид збор: Придавка
Целосен, на кој ништо не му недостига.
Примери:
стонастотен успех

стопроцентен повеќе

стопроцентна
Вид збор: Придавка
полн, целосен
Примери:
Стопроцентно исполнување на планот.

цел повеќе

цели
Вид збор: Придавка
Што е во полн состав, без исклучок; при укажување нешто многу на број, количество и сл.
Албански: i plotë, komplet
Примери:
Целиот собир ги прифати неговите предлози.

целосен повеќе

целосни
Вид збор: Придавка
завршен, оформен
Албански: i plotë
Примери:
Целосен лик.