crowd - онтологија

бутканица повеќе

мн. бутканици
Вид збор: Именка, женски род
турканица, метеж
Употреба: Разговорно
Примери:
За да нема бутканици, ќе нѐ водат во редици - рече жената.

врволица повеќе

мн. врволици
Вид збор: Именка, женски род
Множество луѓе, многу народ, поворка.
Албански: turmë
Примери:
Врволицата влезе во центарот на градот извикувајќи пароли.
Голем број, множество живи суштества.
Албански: turmë, grumbull
Примери:
Врволица од животни.

врие повеќе

вријат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има движење на множество луѓе без ред, вријавец од луѓе.
Албански: vlon, turmë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чаршијата врие од луѓе.
Преполн е со нешто, има многу.
Албански: vlon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Косата му врие од вошки.

вриеж повеќе

мн. вриежи
Вид збор: Именка, машки род
Мешаница од луѓе, вријавец.
Албански: vlim
Примери:
Денес на пазар беше вриеж од туѓа војска.

вријавец повеќе

мн. вријавци
Вид збор: Именка, машки род
мешаница, множество луѓе, народ
Примери:
вријавец по улиците

грвалица повеќе

мн. грвалици
Вид збор: Именка, женски род
мешаница, толпа
Примери:
На пазарот беше грвалица од народ.

гужва повеќе

мн. гужви
Вид збор: Именка, женски род
Маса луѓе, многу народ на едно место.
Српски: гужва Албански: turmë
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Голема гужва на плоштадот.

гунгула повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Голем број на луѓе на едно место.
Примери:
На пазарот беше гунгула.

збие повеќе

збијат
Вид збор: Глагол, свршен
(се збие) се собере
Албански: grumbullohem
Примери:
Луѓето се збија до ѕидот.

згужва повеќе

Види и: гужва (ж.)
згужваат
Вид збор: Глагол, свршен
Собере на едно место.
Албански: mbledh, grumbulloj
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Не го ни дочита писмото, го згужва и го фрли во кантата за ѓубре.
(се згужва) Се собере на едно место.
Албански: mbledh, gumbulloj
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Се згужвал во ќошето.

зоврие повеќе

зовријат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане преполн со нешто.
Албански: gufon
Примери:
Детето зовре од вошки.

калабалак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Мноштво народ собран на едно место.
Турски: kalabalık Албански: kallaballëk, grumbull
Употреба: Разговорно
Примери:
Пред влезот беше калабалак.

кипеж повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
вриеж

куп повеќе

мн. купови
Вид збор: Именка, машки род
Многу луѓе во заедничко дејствување, движење, присуство.
Албански: grup
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се насобрал куп народ, не може да се помине.

маса повеќе

мн. маси
Вид збор: Именка, женски род
Толпа, множество луѓе.
Албански: turmë
Примери:
Маса луѓе се собраа на плоштадот.

мравјалник повеќе

мн. мравјалници
Вид збор: Именка, машки род
Место преполно со луѓе.
Албански: vendme grumbull njerëzish
Употреба: Преносно значење
Примери:
Соборната црква беше мравјалник.
Мноштво луѓе или други живи суштества, собрани на едно меcто.
Албански: grumbull
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чекаше да стивне вревата на мравјалникот.

навала повеќе

мн. навали
Вид збор: Именка, женски род
Навалица, наплив на големо множество луѓе.
Албански: turm
Примери:
Навала од гледачи.

навалица повеќе

мн. навалици
Вид збор: Именка, женски род
Голема толпа луѓе, турканица, мешаница.
Албански: turmë
Примери:
Од навалица не се влегува.

наперка повеќе

наперкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наперка) Се натрупа, се насобра множество луѓе.
Албански: tuboj, mbledh
Употреба: Разговорно
Примери:
Се наперкаа сите во собата.

народ повеќе

мн. народи
Вид збор: Именка, машки род
множество луѓе
Албански: njerëz
Примери:
Многу народ излегол на улица.

народија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Маса народ, множество луѓе.
Употреба: Разговорно
Примери:
Кој може да се разбере со оваа народија.

облак повеќе

мн. облаци
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што го има во голем број, маса, мноштво.
Албански: grummbull
Употреба: Преносно значење
Примери:
Облак од глуварчиња.

опколи повеќе

опколат
Вид збор: Глагол, свршен
За луѓе – насобере се околу некого или нешто; навали од сите страни.
Албански: grumbulloj, mbledh
Примери:
Дамите веднаш го опколија момчето.

поток повеќе

мн. потоци
Вид збор: Именка, машки род
Мноштво од народ што се движи во еден правец.
Албански: turmë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тргнавме низ разбранетиот поток од луѓе.

раја повеќе

(едн.) рајата
Вид збор: Именка, женски род
Обичните луѓе од народот.
Албански: rajë
Употреба: Преносно значење , Разговорно

стадо повеќе

мн. стада
Вид збор: Именка, среден род
поголема група луѓе
Албански: tufë, grumbull
Употреба: Преносно значење , Разговорно

стесни повеќе

стеснат
Вид збор: Глагол, свршен
Збере повеќе луѓе на едно место.
Албански: mbledhi
Примери:
Неговото враќање од војска уште повеќе нѐ стесни во куќата.
(се стесни) се збие, се стисне
Албански: shtyp
Примери:
По женидбата многу се стеснивме.

струпа повеќе

струпаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се струпа) Се збере на куп, на едно место многу народ.
Албански: mbledh
Примери:
Целиот свет се струпа во училиштето.

тисканица повеќе

мн. тисканици
Вид збор: Именка, женски род
Пред судот имаше тисканица.

толпа повеќе

мн. толпи
Вид збор: Именка, женски род
Обичните луѓе, народот, масата спротивно на надарените, видните, хероите.
Албански: masë, grup
Примери:
Ја носеше истата горчливост и презир кон толпата.

турканица повеќе

мн. турканици
Вид збор: Именка, женски род
бутканица
Албански: shtyrje
Примери:
Таму има голема турканица.

турма повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Мноштво луѓе, група луѓе; насобрани луѓе.
Употреба: Поетски збор
Примери:
(поет.) Турма, на Никола в дворот.