evil - онтологија

аро повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
зло, лошо
Албански: keqardhje
Употреба: Архаизам , Пејоратив
Примери:
Аро ќе те најде.

бес повеќе

мн. бесови
Вид збор: Именка, машки род
злодух, ѓавол
Албански: mëkat, djallë
Примери:
Тиранот го раѓа бесот.

врл повеќе

врли
Вид збор: Придавка
Што е лош, поган, лут, завидлив.
Албански: mëkatar
Примери:
Врла душманка.

жолчен повеќе

жолчниот
Вид збор: Придавка
Што е пакосен, злобен, зајадлив.
Примери:
Жолчни напади.

зла повеќе

Види и: зол (прид.)
злата
Вид збор: Придавка
зол

зло повеќе

мн. зла
Вид збор: Именка, среден род
Тоа што е лошо, злобно.
Албански: e keqe
Примери:
Тој ти мисли зло.

зло повеќе

Вид збор: Прилог
лошо
Употреба: Архаизам

злоба повеќе

(едн.) злобата
Вид збор: Именка, женски род
Чувство на опакост кон некого, желба, посакување некому да му се случи нешто лошо.
Примери:
Во нејзините зборови се чувствуваше отровна злоба.

злобен повеќе

злобниот
Вид збор: Придавка
Што чувствува, што изразува злоба, што е исполнет со злоба.
Примери:
Сите сплетки ги направи злобната жена.

злоблив повеќе

злобливиот
Вид збор: Придавка
Што предизвикува злоба, што прави нешто со злоба.
Примери:
злоблива жена

злокоба повеќе

мн. злокоби
Вид збор: Именка, женски род
Навестување на зло, на нешто лошо, на несреќа.

злокобен повеќе

злокобниот
Вид збор: Придавка
Што предвестува зло.
Примери:
злокобно пророштво

злост повеќе

Види и: злоба (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
злоба
Употреба: Книжевен збор

злостен повеќе

Види и: злобен (прид.)
злосниот
Вид збор: Придавка
злобен
Употреба: Книжевен збор

зол повеќе

зли
Вид збор: Придавка
Што е лош, злобен.
Примери:
зла жена

лош повеќе

лоши
Вид збор: Придавка
Што навестува нешто непријатно, злокобен, несреќен.
Албански: i keq
Примери:
лоша среќа

лут повеќе

лути
Вид збор: Придавка
Што лесно се лути, што е лош.
Албански: i zemëruar, i keq
Употреба: Народна поезија
Примери:
лута свекрва

мрачен повеќе

мрачни
Вид збор: Придавка
несфатлив, затворен, сомнителен, злобен
Албански: i errët
Употреба: Преносно значење
Примери:
мрачен човек, мрачен нагон

настрвен повеќе

настрвени
Вид збор: Придавка
Што е многу озлобен, зол, ожесточен.

опак повеќе

опаки
Вид збор: Придавка
Што е подготвен, способен да нанесе зло.
Примери:
опак човек

опачен повеќе

опачниот
Вид збор: Придавка
Што е лош, лажен, погрешен.
Примери:
Опачни зборови.

пакосен повеќе

пакосна
Вид збор: Придавка
злобен
Примери:
Пакосен поглед.

пакосно повеќе

Вид збор: Прилог
злобно
Примери:
Го погледна пакосно.

поган повеќе

поганиот
Вид збор: Придавка
многу лош
Примери:
погано куче

проклет повеќе

проклети
Вид збор: Придавка
Што има злобен, пакосен карактер.
Примери:
Проклет човек.

проклетија повеќе

мн. проклетии
Вид збор: Именка, женски род
злоба, пакост
Албански: e keqe, mëkat
Примери:
Имаше некаква проклетија во неа.

сатански повеќе

сатанска
Вид збор: Придавка
Својствен на сатаната, злобен, пакосен.
Примери:
Сатански поглед.

црн повеќе

црни
Вид збор: Придавка
лош, зол, злокобен
Албански: mëkatar
Употреба: Народна поезија
Примери:
Црна се чума зададе.