good-for-nothing - онтологија

ајван повеќе

мн. ајвани
Вид збор: Именка, машки род
неработник, безделник
Албански: përtac
Употреба: Груб збор , Преносно значење , Разговорно

ајдамак повеќе

мн. ајдамаци
Вид збор: Именка, машки род
неранимајко, скитник
Употреба: Разговорно
Примери:
И тој ајдамак излегол со разбојници во гората.

батак повеќе

мн. батаци
Вид збор: Именка, машки род
Расипан човек, никаквец.
Албански: lloç njeri
Примери:
Остави го него, тој е батак човек.

разбојник повеќе

мн. разбојници
Вид збор: Именка, машки род
неранимајко, непрокопсаник
Албански: mangup, bandit
Употреба: Пејоратив , Преносно значење
Примери:
Бегај дома, разбојник ниеден!

синковец повеќе

мн. синковци
Вид збор: Именка, машки род
неранимајко, непрокопсаник
Примери:
Да видите како е без мајка, синковци ниедни.

треснатик повеќе

мн. треснатици
Вид збор: Именка, машки род
неранимајко, угурсуз
Примери:
(клетва) Да би треснал, треснатику!

ќерата повеќе

Вид збор: Именка, машки род
неранимајко
Турски: kerata
Употреба: Пејоратив , Разговорно

угурсуз повеќе

мн. угурсузи
Вид збор: Именка, машки род
Неранимајко, расипан, лош човек.
Турски: uğursuz
Употреба: Разговорно

фукара повеќе

мн. фукари
Вид збор: Именка, женски род
Во презирна смисла - пропаднат човек.
Албански: i mjerë, varfanjak
Употреба: Пејоратив , Разговорно