hurt - онтологија

боли повеќе

(ме) болат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 3 л. со кратка зам. форма: ме, те, го, не, боли) Чувствува болка.
Албански: dhemb
Употреба: Медицина
Примери:
Половината ја боли од седење.

вие повеќе

вијат
Вид збор: Глагол, несвршен
Боли многу, за орган или дел од човечкото тело.
Албански: dredhim nga dhimbja
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ме вијат нозете.

врти повеќе

вртат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чувствува болка.
Албански: shpon, prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ме врти коленото.

глочка повеќе

глочкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За око - боцка, пече поради глотка.
Употреба: Медицина
Примери:
Окото ме глочка.

доболи повеќе

Види и: боли (несв.)
доболат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува болка од нешто.
Примери:
Тие негови зборови најмногу го доболеа.

дупи повеќе

дупат
Вид збор: Глагол, несвршен
прободува, убива
Албански: lëndoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Каурска пушка не дупи.

жижне повеќе

жижнат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика (со нешто жешко) болка, чувство на печење.
Албански: djegë, lëndoj
Примери:
Тој го жижна детето со машата по нога.

заболи повеќе

заболат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да ме (те, го...) боли, ми се појави физичка болка.
Албански: dhemb
Примери:
Му се оптегна жилата на раката и остро го заболе.
Предизвика душевна болка.
Албански: dhimbje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Како некој да го удри со камшик, толку го заболе од тие зборови.

зболи повеќе

Види и: боли (несв.)
зболат
Вид збор: Глагол, свршен
Заболи силно одеднаш.
Употреба: Медицина
Примери:
Скокна две скали одеднаш и го зболе глуждот.

здоболи повеќе

Види и: доболи (св.)
здоболат
Вид збор: Глагол, свршен
(Ме, те, го... здоболи) доболи
Примери:
Го здоболе нешто под ребрата.

клука повеќе

клукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За рана - боде, пече.
Албански: lëndoj
Примери:
Раката cилно го болеше и клукаше.

косне повеќе

коснат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика силна болка.
Албански: prek, lëndon
Употреба: Медицина
Примери:
Во срцето нешто ме косна.

наболи повеќе

(ме) наболат
Вид збор: Глагол, свршен
(само 3 л.) Почувствува слаба болка.
Примери:
Раната ме наболе малку.

пали повеќе

палат
Вид збор: Глагол, несвршен
боли, гори
Албански: djeg
Примери:
Ме пали нешто в грло.

пече повеќе

пече
Вид збор: Глагол, несвршен
боли
Албански: dhimbje
Употреба: Безлично
Примери:
Ме пече во грлово.

поболи повеќе

поболат
Вид збор: Глагол, свршен
Боли кратко.
Албански: dhemb shkurt
Примери:
Ќе те поболи малку, па ќе помине.

поднаболува повеќе

поднаболуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 3 л.) Боли малку или одвреме - навреме.
Примери:
Детето го поднаболува стомакот.

разболи повеќе

разболат
Вид збор: Глагол, свршен
заболи
Албански: dhemb
Употреба: Безлично , Разговорно
Примери:
Срце ја разболе

разрани повеќе

разранат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разрани) Добие рани, се повреди.
Албански: lëndohem
Примери:
Се разрани момчето одејќи.

скрши повеќе

скршат
Вид збор: Глагол, свршен
(се скрши) Повреди некој дел на своето тело при удар.
Албански: lëndoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Паднав и се скршив целиот.

убие повеќе

убијат
Вид збор: Глагол, свршен
(се убие) се повреди
Албански: vras, lëndoj
Примери:
Се убив во ногата.

удри повеќе

удрат
Вид збор: Глагол, свршен
убие, повреди
Албански: vras, lëndoj
Примери:
Си ја удрив ногата.
(се удри) се убие, се повреди
Албански: vritem, lëndohem
Примери:
Дали се удри, синко?