leg - онтологија

батак повеќе

мн. батаци
Вид збор: Именка, машки род
копан
Албански: këmbëz, kofshë
Употреба: Гастрономија
Примери:
пилешки батаци

баџак повеќе

мн. баџаци
Вид збор: Именка, машки род
бут, бедро
Турски: bacak
Употреба: Архаизам
Примери:
Такви баџаци како кај неа, не сум видел!

бут повеќе

мн. бутови
Вид збор: Именка, машки род
Задна нога на животно од коленото до трупот; јадење од овој дел на животното.
Употреба: Гастрономија
Примери:
За ручек имаме бут од мисирка со компирчиња.

копан повеќе

мн. копани
Вид збор: Именка, машки род
Бут од птица.
Турски: kopan Албански: kofshë, këmbëz
Употреба: Гастрономија
Примери:
Јадеа печени копани.

крак повеќе

мн. краци
Вид збор: Именка, машки род
нога
Албански: krah
Употреба: Анатомија , Дијалектен збор
Примери:
Крастата се ширеше по краците над колената.

кус повеќе

мн. кусови
Вид збор: Именка, машки род
бут
Албански: tul
Употреба: Дијалектен збор , Гастрономија

нога повеќе

мн. нозе
Вид збор: Именка, женски род
Еден од деловите на телото на човекот и на животните со кој се оди.
Српски: нога Албански: këmbë Бугарски: крак
Употреба: Анатомија
Примери:
Десна и лева нога.

ноже повеќе

мн. ножиња
Вид збор: Именка, среден род
нога
Албански: këmbëz
Употреба: Деминутив
Примери:
Ножињата на детето беа полни со рани.

ноженце повеќе

мн. ноженца
Вид збор: Именка, среден род
нога
Албански: këmbëz
Употреба: Хипокористика

ножиште повеќе

мн. ножишта
Вид збор: Именка, среден род
нога
Албански: këmbë e madhe
Употреба: Аугментатив

ноџе повеќе

Види и: нога (ж.)
мн. ноџиња
Вид збор: Именка, среден род
нога
Примери:
Тапкаше со ноџињата.

чумак повеќе

Види и: чомак (м.)
мн. чумаци
Вид збор: Именка, машки род
чомак
Турски: çomak
Употреба: Архаизам