вадат
Вид збор: Глагол, несвршен
произведува, изработува
Примери:
Од оваа нива вадиме пет тона пченица годишно.
добијат
Вид збор: Глагол, свршен
Произведе, стекне, постигне нешто (како резултат на труд, на дејност).
Примери:
Од нашата работа добивме солидни резултати.
извадат
Вид збор: Глагол, свршен
Произведе со вадење од некаде.
Примери:
Ние извадивме песок од реката.
Произведе со сечење, режење и сл.
Примери:
Од трупецот извади само четири штици.
Вид збор: Глагол, свршен
продуцира
Примери:
Тој го испродуцира и овој филм.
мн. продукти
Вид збор: Именка, машки род
(обично мн.) прехранбени производи
Примери:
млечни продукти
продуцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
произведе, произведува
Примери:
Погонот продуцира суровини за хемиската индустрија.
произведат
Вид збор: Глагол, свршен
Создаде со работа материјални или духовни вредности.
Примери:
Фабриката произведе рекорден број производи.
работат
Вид збор: Глагол, несвршен
изработува, произведува
Примери:
Кој ги работеше овие чевли?
создадат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане причина, придонесе да се појави нешто.
Примери:
Му создаде непредвидени тешкотии.
штанцуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Произведува сериски.
Примери:
Промоторите без резултати, Владата штанцува нови.