prole - онтологија

голтар повеќе

мн. голтари
Вид збор: Именка, машки род
сиромашен, беден човек
Примери:
Знам нема да се здружиш со голтари и легачи на кои им тежи мотиката.

колибар повеќе

мн. колибари
Вид збор: Именка, машки род
сиромав човек
Албански: njeri i varfër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Беше личен ерген, ама беше колибар.

копук повеќе

мн. копуци
Вид збор: Именка, машки род
гол сиромав
Турски: kopuk Албански: kopuk
Примери:
селски копуци

опинок повеќе

мн. опинци
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) сиромав човек
Албански: varfënjak
Употреба: Пејоратив , Разговорно

пиштол повеќе

мн. пиштоли
Вид збор: Именка, машки род
Не поседува ништо, голтар.
Албански: pa të holla, pishtoll
Употреба: Преносно значење
Примери:
(разг.) Гол како пиштол.

фукара повеќе

мн. фукари
Вид збор: Именка, женски род
За маж или за жена - сиромав.
Турски: fukara Албански: fukara, varfënjak
Употреба: Разговорно
Примери:
Што бараш од тој фукара.