reason - онтологија

акал повеќе

(едн.) акалот
Вид збор: Именка, машки род
ум, памет
Турски: akıl
Употреба: Разговорно
Примери:
Кај ти беше акалот!

оправдание повеќе

Види и: оправда (св.)
мн. оправданија
Вид збор: Именка, среден род
причина, основаност
Албански: arsyetim
Употреба: Архаизам
Примери:
Се во светот си имаше свое место и свое оправдание.

памет повеќе

(едн.) паметта
Вид збор: Именка, женски род
(обично м.) ум, разум
Албански: mend
Примери:
(разг.) Ме извади од памет.

повод повеќе

мн. поводи
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што е поттик или околност да се преземе нешто за кое има друга причина.
Албански: shkas
Примери:
Сакаше да се шегува и во секоја работа наоѓаше повод за тоа.

право повеќе

мн. права
Вид збор: Именка, среден род
Законска основа, причина.
Албански: arsye
Примери:
Со кое право го барате тоа од мене?

причина повеќе

мн. причини
Вид збор: Именка, женски род
Повод, основа за некое дејство, случување.
Албански: shkak
Примери:
Нема причина да се прикривата зад неговите постапки.

разбере повеќе

разберат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разбере) се разуми
Албански: mendoj, gjykoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Разбери се веќе еднаш.

разлог повеќе

мн. разлози
Вид збор: Именка, машки род
причина
Примери:
Од кои разлози?

разум повеќе

(едн.) разумот
Вид збор: Именка, машки род
Способност на човека логички да мисли, да расудува.
Албански: kuptim
Примери:
Јас верувам во разумот на човештвото.

расудност повеќе

Види и: расуден (прид.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
расуден

рацио повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Свесност, свест, резон, разум, човекова способност или развиено чувство за спознавање, за откривање и за определување на вистинското и на доброто.
Латински: ratio
Примери:
Проработи неговото рацио.

резон повеќе

(едн.) резонот
Вид збор: Именка, машки род
Разумна основа за извршување некакво дејство.
Примери:
Нема резон да се убедуваме.

резонира повеќе

резонираат
Вид збор: Глагол, несвршен
размислува, расудува, заклучува
Албански: rezonoj
Примери:
Што му можеш, тој така резонира.

себап повеќе

мн. себапи
Вид збор: Именка, машки род
причина, повод
Турски: sebep Албански: arsye, sebep
Примери:
Тоа беше себап да те видам.