show - онтологија

експонира повеќе

експонираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Покажува, пројавува, манифестира нешто.
Албански: tregoj, shfaq, eksponoj

игра повеќе

играат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 3.л.) Се прикажува во кино.
Албански: shfaqet
Примери:
Што игра денеска?

јави повеќе

јават
Вид збор: Глагол, свршен
(се јави) се појави
Албански: paraqit
Примери:
Се јавила болест кај домашните животни.

каже повеќе

кажат
Вид збор: Глагол, свршен
Овозможи или помогне некому нешто да види, означувајќи го правецот во кој нешто се наоѓа, покаже.
Албански: demonstron
Примери:
Го отворив кутивчето и му го кажав ѓерданчето.

настап повеќе

мн. настапи
Вид збор: Именка, машки род
Појавување пред публика на приредба, во програма и сл.
Албански: shfaqje
Примери:
Прв настап.

појави повеќе

појават
Вид збор: Глагол, свршен
Јавно покаже, прикаже нешто.
Албански: tregoi
Примери:
Тогаш го појави својот најскап накит.

покаже повеќе

покажат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да може да се види, изнесе јавно.
Албански: shfaq
Примери:
Таа ги покажа своите најнови фотографии.
означи, измери
Албански: tregon
Примери:
Топломерот покажуваше многу висока температура.
При закана - казни, се одмазди некому.
Албански: hakmerret
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ќе ти покажам јас тебе кој е главен овде!
(само 3. л.) (се покаже) Стане јасно, се открие нешто.
Албански: tregon
Примери:
Се покажа дека тој е голем измамник.

попотскаже повеќе

попотскажат
Вид збор: Глагол, свршен
Покаже, насочи малку, донекаде.
Примери:
Знакот ќе ни попотскаже по кој пат да тргнеме.

претстави повеќе

претстават
Вид збор: Глагол, свршен
За театарска претстава, филм - даде, прикаже, изведе.
Албански: shfaqe
Примери:
Претставиле една современа драма.

прикаже повеќе

прикажат
Вид збор: Глагол, свршен
Раскаже (усно или писмено), опширно изнесе, соопшти, опише нешто (случка, настан, доживување).
Албански: shfaq
Примери:
Тој му прикажа на татка си за љубовта спрема девојката.

прошета повеќе

Види и: шета (несв.)
прошетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Води некого на прошетка.
Албански: shëtis
Примери:
За неколку часа тој го прошета гостинот низ градот.

ревија повеќе

мн. ревии
Вид збор: Именка, женски род
Прикажување на најновите примероци на модата.
Албански: shfaq
Примери:
модна ревија

смотра повеќе

мн. смотри
Вид збор: Именка, женски род
Преглед, општествена проверка, покажување на нешто.
Албански: shfaq, paraqes
Примери:
Смотра на младоста

сочи повеќе

сочат
Вид збор: Глагол, несвршен
(по)кажува
Употреба: Ретко
Примери:
Тие пат ни сочат.

циркус повеќе

мн. циркуси
Вид збор: Именка, машки род
Забавна глетка; непристојна викотница.
Албански: çrregullim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Каков циркус е ова?

шоу повеќе

мн. шоуа
Вид збор: Именка, среден род
претстава, изведба, забава
Употреба: Сцена
Примери:
музичко шоу
спектакуларна, драматична, интригантска случка
Примери:
Тие си направиле свое шоу на истомисленици.

шоу повеќе

Вид збор: Префикс
Како прв дел од сложенка за да означи нешто со уметничко-забавен карактер