walk - онтологија

води повеќе

водат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се води) Оди заедно со некого држејќи се еден за друг.
Албански: ecje
Примери:
Се водат за рака како младенци.

врви повеќе

врват
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди, поминува без запирање, со ист чекор покрај нешто, некаде.
Српски: ходати Албански: ecë Бугарски: вървя
Примери:
Секој ден врви оттаму.

дооди повеќе

Види и: оди (несв.)
доодат
Вид збор: Глагол, свршен
Со одење стигне до определено место, до крај.
Примери:
Го доодуваше патот кон планината.

дошета повеќе

дошетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со шетањето.
Албански: mbaroj shëtitjen
Примери:
Дошетав по светот и се вратив дома.
Дојде, стигне некаде шетајќи.
Албански: arrij duke shëtit
Примери:
Дошетавме до кејот.

заврви повеќе

Види и: врви (несв.)
заврват
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да врви.
Примери:
Околу ридот заврвија војници.

заоди повеќе

Види и: оди (несв.)
заодат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да оди.
Албански: filloj të ec
Примери:
Луѓето полека заодија кон црквата.

зашета повеќе

зашетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да шета.
Албански: fillon të shëtis
Примери:
Излезе и зашета низ дворот.

исшета повеќе

исшетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине низ повеќе места.
Албански: shetis
Примери:
Исшета повеќе земји со танцувачката група.

корзо повеќе

(едн.) корзото
Вид збор: Именка, среден род
Место во градот каде што се собираат шетачи во одредено време.
Албански: korzo
Примери:
Девојката ја познавам од корзото.
прошетка
Албански: korzo, shëtitje
Примери:
Да направиме едно корзо по ладовинава.

наврви повеќе

Види и: врви (несв.)
наврват
Вид збор: Глагол, свршен
(се наврви) Помине долго време во врвење, во одење.
Албански: eci

нагази повеќе

нагазат
Вид збор: Глагол, свршен
(се нагази) Помине долго време во газење.
Албански: eci
Примери:
Се нагазивме кал.

нашета повеќе

(се) нашетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине доволно време во шетање, со шетање се задоволи.
Примери:
Откако се нашетаа и се наиграа, се прибраа дома.

нурка повеќе

(се) нуркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди несигурно, се порева.
Албански: ecë jo i sigurt
Употреба: Преносно значење
Примери:
Старецот нуркаше лево-десно, се прикрепуваше на ѕидот, барајќи место да седне.

од повеќе

мн. одови
Вид збор: Именка, машки род
Движење со чекорење, одење.
Албански: ecje
Примери:
Тие го забрзаа одот.
Начин на одење, на чекорење.
Албански: ecje
Примери:
несигурен од
Пат, растојание (како мерка за далечина).
Албански: ecje
Примери:
Одовде до селото има два часа од.

одење повеќе

мн. одења
Вид збор: Именка, среден род
(глаг. им.) оди
Албански: ecje
Примери:
По два часа одење излегоа од шумата.
Начин на чекорење, од.
Албански: ecje
Примери:
Го препознаваше по одењето уште од далеку.

оди повеќе

одат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек и за животни - се преместува движејќи се со нозете, чекорејќи.
Српски: ходати Албански: ecë Бугарски: ходя
Примери:
Одевме по вистинскиот пат.

поврви повеќе

Види и: врви (несв.)
поврват
Вид збор: Глагол, свршен
Врви кратко време.
Примери:
Не поврвеа долго и свртеа на една широчинка.

попрошета повеќе

Види и: прошета (св.)
попрошетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Прошета некого малку, некое време.
Примери:
Таа го попрошета детето во паркот.
Прошета малку, некое време.
Примери:
Ајде да попрошетаме низ градот.
(се попрошета) Се прошета малку, некое време.
Примери:
Вечерта тој се попрошета малку низ дворот.

порашета повеќе

Види и: прошета (св.)
порашетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Прошета малку, некое време.
Албански: shetis pak
Примери:
Тој порашета низ собата.
(се порашета) Се прошета малку, некое време.
Албански: shetitem pak
Примери:
Стани малку, порашетај се.

поскита повеќе

поскитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Прошета малку.
Албански: endem, shetis pak
Употреба: Разговорно
Примери:
Иди поскитај малку за да се смириш.

поход повеќе

мн. походи
Вид збор: Именка, машки род
Организирано одење, поаѓање некаде; организирана обиколка или посета на нешто.
Албански: kampanjë
Примери:
поход на планина

прооди повеќе

Види и: оди (несв.)
проодат
Вид збор: Глагол, свршен
За дете - научи да оди, почне да оди.
Албански: filloj të ecë, merr këmbët
Примери:
И двете дечиља проодеа пред годината.

пропешачи повеќе

пропешачат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине со пешачење определено растојание.
Примери:
Пропешачивме до дома.

проскита повеќе

Види и: скита (несв.)
проскитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Прошета некое место, скитајќи, шетајќи.
Албански: endem
Примери:
Го проскита светот, дома не се заврте.

прошета повеќе

Види и: шета (несв.)
прошетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Прави прошетка; оди, се движи за разонода, одмор и сл.
Албански: shëtis
Примери:
Тој прошета малку низ градот.
(се прошета) Си направи прошетка.
Албански: shëtitem
Примери:
Тој се прошета низ паркот.

прошетка повеќе

мн. прошетки
Вид збор: Именка, женски род
Движење по определена патека заради рекреација или забава.
Албански: shëtitje
Примери:
Навечер излегувавме на прошетка по корзото.

разведе повеќе

разведат
Вид збор: Глагол, свршен
Поведе некого на разни страни.
Албански: shetis
Примери:
Ги разведе гостите низ стариот дел на градот.

разоди повеќе

(се) разодат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да оди (после долго седење).
Албански: filloj të ec
Примери:
И фати да го носи, за да се разоди.

рашета повеќе

рашетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Прошета некого.
Албански: shetis
Примери:
Рашетајте го малу детево.
(се рашета) се прошета
Албански: shetitem
Примери:
Излезе да се рашета.

рашетка повеќе

мн. рашетки
Вид збор: Именка, женски род
прошетка

рашетува повеќе

Види и: рашета (св.)
(се) рашетуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) рашета

рашетување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
рашетка

скитне повеќе

Види и: скита (несв.)
скитнат
Вид збор: Глагол, свршен
Скита некое време.
Примери:
Скитна малку детето.

тргне повеќе

тргнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да оди од место на место, да обиколува.
Албански: ecë, shëtis
Примери:
Тргна по села и градови.

чекорење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
одење, шетање, пешачење

чекори повеќе

чекорат
Вид збор: Глагол, несвршен
(непреод.) Оди, се движи со чекори.
Албански: ecë
Примери:
Чекори ситно.

шавне повеќе

шавнат
Вид збор: Глагол, свршен
Излезе на прошетка од дома, се прошета, се раздвижи.
Албански: shëtis
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Вечер ќе шавнам малку.

шедба повеќе

Вид збор: Именка, женски род
шетање, прошетка
Примери:
(нар. поез.) Шедба шета.

шета повеќе

шетаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави прошетка, оди, се движи со цел за одмор, разонода и сл.
Албански: shëtis
Примери:
Секоја вечер шетаа во паркот.
(безл.) Води некого на прошетка.
Албански: shëtis, ecë
Примери:
Ги шетав децата.

шетаница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
шетање
Примери:
ораница-шетаница

шетање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) шета
Примери:
Ќе одиме на шетање.

шетачка повеќе

мн. шетачки
Вид збор: Именка, женски род
Жена што шета.
Албански: shetitëse
шетање
Албански: shetitëje

шетне повеќе

шетнат
Вид збор: Глагол, свршен
Прошета, отиде на прошетка, направи прошетка.
Албански: shetis
Примери:
Шетни малку.
(се шетне) се прошета
Албански: shetitem