блокада
мн. блокади
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 18195
1.
Целосно опколување на некое место, област со вооружена сила.
Примери:
Денес имаше претреси, утре сигурно ќе има блокада.
Никој не успеа да се извлече од блокадата.
Цврста поморска блокада и постојано бомбардирање ќе ги натера противниците да се предадат.
Слично со:
опколување (ср.)
2.
Затворање на премин или пат за сообраќај.
Примери:
Тешките товарни возила направија блокада на автопатот.
Слично со:
затворање (ср.)
3.
Изолација, затворање на една земја во економските, трговските и др. односи заради вршење политички притисок.
Примери:
економска блокада
Слично со:
изолација (ж.)