гледа
гледаат; гледај
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 55
1.
Насочува поглед кон некого или кон нешто.
Примери:
Таа со раширени очи гледаше во девојката што лежеше.
А тоа, гледај чудо, имало многу поефикасен начин за спасување на земјата.
Слично со:
види (св.)
2.
Доаѓа до сознание.
Англиски:
understand
Албански:
kupton
Сега гледам дека нè пратиле ваму да изгинеме.
Слично со:
сфаќа (несв.)
4.
Настојува, води сметка за нешто.
Англиски:
see
Гледаа да не го навредат.
Слично со:
настојува (несв.)
5.
Се угледува на некого, зема пример од некого.
Примери:
Учи го да гледа што правам јас, јас сум ги минал тие патишта.
7.
Се грижи за некого или нешто; чува, негува.
Примери:
Строг беше нејзиниот татко, строго ја гледаше во детството.
Слично со:
чува (несв.)
9.
Зазема став за нешто.
Англиски:
consider
Албански:
merr qëndrim
Тој, уметноста ја гледал од поинаков аспект.
10.
Гата, ја предвидува иднината.
Албански:
parashikon
Тетка му знаеше да гледа на гравче.
Слично со:
гата (несв.)
11.
(се гледа) себеси
Примери:
Тој се гледа себеси некаде на некоја позиција.
12.
(се гледа) заемно
Примери:
Двајцата конзули се гледаа очи во очи настојувајќи да бидат непринудени на разговор.
13.
(се гледа) Се сретнува, се посетува со некого.
Примери:
Често се гледавме в театар.
Слично со:
сретнува (несв.)
Изрази
Гледа одвисоко - смета дека е повреден, поважен од некого.
Гледа сеир (разг.) - ужива во нечија неволја.
Гледа накриво - не одобрува нешто.
Си ја гледа работата - не се интересира за туѓите работи.
Гледа ииз прсти - попушта.
Гледа под очи - скришно погледнува.
Си го гледа ќефот (разг.) - ужива, не се оптоварува со ништо.
Го гледа како капка вода во дланка - многу се грижи за некого.
Изведенки
гледање ср.
глаг. им.
глаг. им.