завлече
завлечат; завлечи, завлечете; завлеков, завлекоа; завлекол, завлекле; завлечев, завлечеа; завлечел; завлечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6113
1.
Почне да влече нешто не одвојувајќи го од површината, да носи нешто.
Примери:
Воловите ги завлекоа тешките греди.
Жените го завлекоа килимот по скалите.
Слично со:
влече (несв.)
2.
(за човек) Однесе насила, влечејќи.
Примери:
Војниците го завлекоа старецот кон ѕидот.
3.
(за вода) Однесе насила, влечејќи.
Англиски:
carry away
Албански:
tërheq
Водата го завлече телото на давеникот.
Реката ги завлече откорнатите стебла.
4.
Тешко, отежнато се движи, криви.
Примери:
Момчето ја завлече ногата по операцијата.
5.
Вовлече, пикне нешто во друго нешто.
Примери:
Децата ги завлекоа главите во рамењата и останаа зачудени.
Ја завлече раката под шинелот.
6.
Многу одолжи, одложи нешто повеќепати.
Примери:
Не знаеше кој ја завлекол работата.
Тој го завлече последниот испит цела година.
Слично со:
одолжи (св.)
7.
привлече, заведе
Примери:
Тој се надева дека и него ќе го завлече хуманиот лекарски повик.
Остави да го завлече вревата на разврвената улица.
Слично со:
заведе (св.)
8.
(се завлече) Се вовлече, се пикне некаде.
Примери:
Прошета крај реката и се завлече во врбаците.
Се завлеков под грмушките.
Слично со:
пикне (св.)
9.
(се завлече) Се одолжи, предолго потрае.
Примери:
Решавањето на проблемот се завлече неколку години.
Изведенки
1.
завлекува несв.
(се) завлекуваат
(се) завлекуваат
2.
завлечува несв.
(се) завлечуваат
(се) завлечуваат
3.
завлекување ср.
глаг. им.
глаг. им.
4.
завлечување ср.
глаг. им.
глаг. им.