а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

задржи

задржат; задржи, задржете; задржав, задржа, задржаа; задржал; задржан, задржана; (ќе) задржев, (ќе) задржеа; (ќе) задржел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 908
1. Запре, спречи движење на некого или нешто, направи да застане.
Англиски: prevent Албански: ndaloj, pengoj
Примери:
Го задржа детето да не оди кон реката.
Мораме да го задржиме непријателот на истите позиции.
Таа сакаше да избега, но јас ја задржав со рацете.
2. Запре, смести некого некаде, не дозволувајќи му да оди.
Англиски: keep Албански: ndaloj, mbaj
Примери:
Повредените патници ги задржаа на лекување во болницата.
Домаќините нè задржаа на вечера и на спиење.
Ништо веќе не беше во состојба да го задржи дома.
3. Запре, спречи нешто да се појави, да дојде до израз.
Англиски: hold Албански: mbaj, ndaloj
Примери:
Не можеше да ја задржи потсмешливата насмевка кога го виде.
Се борев да ги задржам солзите.
Ставив лисја одозгора да ја задржат тињата.
4. Запре, спречи некого да направи нешто.
Англиски: keep Албански: mbaj, ndaloj
Примери:
Гостите ме задржаа и не стасав да си ја завршам работата.
Другарите го задржале да не се степа.
Нешто го задржа и не пречекори во дворот.
5. Зачува нешто, не се лиши од нешто.
Англиски: keep Албански: mbaj, ruaj
Примери:
Синот го задржа имотот од родителите.
Таа партија ја задржа власта во свои раце долго време.
6. Земе, присвои нешто за себе.
Англиски: withhold Албански: mbaj
Примери:
Задржете ја кутијата сосе тутунот.
Ќе купи нешто, а другите пари ќе ги задржи за себе.
7. Придржи, додржи, потпре некого или нешто.
Англиски: support Албански: mbaj
Примери:
Таа со едната рака го задржа лустерот.
Јас го задржав стариот да се качи на коњот.
Тој го задржа детето да не падне.
8. Одржи, зачува нешто за извесно време.
Англиски: keep Албански: mbaj
Примери:
Не можеше да задржи рамнотежа и се струполи врз земјата.
Одеше трудејќи се да го задржи војничкиот чекор.
9. Остане во определена положба извесно време.
Англиски: remain Албански: mbaj, qëndroj
Примери:
Го задржа погледот врз купот хартии.
Тој го прегрна и долго го задржа во својата прегратка.
10. Остави некого на определена служба, должност.
Англиски: keep Албански: mbaj, ruaj
Примери:
Тој беше одличен стручњак и сакав да го задржам во претпријатието.
11. (се задржи) Запре, застане, остане извесно време на некое место.
Англиски: stay Албански: qëndroj, rri
Примери:
Не можев да се задржам на едно место.
Тие се задржаа надвор од селото до вечерта.
Tој се задржал некаде на гости.
12. (се задржи) Се придржи, се додржи, се потпре на нешто.
Англиски: hold Албански: mbaj
Примери:
Тој одвај се задржа да не падне.
Сакаше да се задржи за крајот од масата.
13. (се задржи) Се воздржи да не направи нешто, се додржи.
Англиски: restrain Албански: mbja, përmbaj
Примери:
Не можеше да се задржи од радост.
Одвај се задржа да не заплаче.
Сакаше да ме удри, но сепак се задржа и само ме искара.
Одвај се задржа да не загуби свест.
14. (се задржи) Се одржи, се зачува нешто извесно време.
Англиски: remain Албански: mbetë, qëdroj
Примери:
Насмевка се задржа на неговото лице.
Рацете не можеа да се задржат на лизгавите камења.
Погледот му се задржа на ѕидот.
Тие обичаи се задржале до денес.
15. (се задржи) Се укаже на нешто, се обрне повеќе внимание.
Англиски: dwell Албански: ndalë, përqëndroj
Примери:
Повеќе ќе се задржиме на именките што завршуваат на согласка.
Во својот реферат тој се задржа на неколку важни прашања.