зграпчи
зграпчат; зграпчил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3065
1.
Брзо и со сила фати, земе нешто со раце.
Примери:
Тој ја зграпчи и сосила ја бакна.
Момчето ја зграпчи јакната и излета надвор.
Некој од зад грб го зграпчи.
2.
Обземе, исполни.
Примери:
Невиден страв го зграпчи и му го одзеде здивот.
Тешка болест го зграпчи, го легна во постела.
3.
(се зграпчи) Се фати еден со друг, се грабне.
Примери:
Двајцата се зграпчија и почнаа да се слушаат тупаници.
Жените почнаа да викаат и се зграпчија за косите.
Изведенки
1.
зграпчува несв.
(се) зграпчуваат
(се) зграпчуваат
2.
зграпчување ср.
глаг. им.
глаг. им.