каже
кажат, кажам, кажи, кажете, кажав, кажавте, кажеш; кажаа, кажал, кажан, кажав, кажеа, кажел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 91
1.
Соопшти, даде на знаење.
Примери:
Морам да ти кажам, знам оти сте најдобри другари.
Никој не знаеше да ни каже од каде е.
Дали е тоа сè што имаш да ми кажеш?
Јас јавно ќе го кажам своето мислење.
Слично со:
соопшти (св.)
2.
Извести некого за нешто.
Примери:
Кажи му на татко ти оти нè најде и ни кажа.
Се јави и им кажа дека нема да дојде.
Слично со:
извести (св.)
3.
раскаже
Примери:
Кажи ми една приказна.
Тој ѝ кажуваше за својата младост.
Кажи за војните што минале низ градов.
Слично со:
раскаже (св.)
4.
Објасни, даде претстава за нешто.
Примери:
Туку кажи ми ти мене и протолкувај ми, ако можеш, што се прави тоа со мостот.
Дај, синко, да ви кажам, кое зошто е.
Слично со:
објасни (св.)
5.
Овозможи или помогне некому нешто да види, означувајќи го правецот во кој нешто се наоѓа, покаже.
Англиски:
show
Албански:
demonstron
Го отворив кутивчето и му го кажав ѓерданчето.
Немаше кој да ни го каже патот.
Таа му ја кажа куќата високо на ридот.
Слично со:
означи (св.)
6.
поткаже, оддаде, предаде
Примери:
Секој ден тепаше барем по еден-двајца селани да ги кажат комитите.
Селото реши да не го предава, та кој знае дали ќе ви го кажат.
Слично со:
оддаде (св.)
7.
Изрази мисла, суд, оценка (во книжевно дело, расправа), напише, тврди.
Примери:
Нешто поодредено за сите тие работи не сме во можност да кажеме.
Нема да претераме ако кажеме дека Цепенков најмногу го предизвикал интересот на литературните историчари.
Слично со:
напише (св.)
8.
Соопшти, изрази со друго средство наместо со зборови.
Примери:
Првите пушки кажаа дека станува нешто големо.
9.
(се каже) се појави, се покаже
Примери:
Тоа ѝ се кажало на соне.
11.
(се каже) се претстави, се прикаже
Англиски:
introduce
Албански:
prezentohet
Луѓето се кажаа на разни имиња.
Тој им се кажа кој е.
Туѓинецот се кажа дека е професор.
Изрази
Подобро кажано - поточно, поверно кажано.
Кажи ми да ти кажам - (разг.) ни јаc самиот не знам ништо за тоа, знам колку и ти (вие).
Кажи-речи - горе-долу, отприлика.
Меѓу нас кажано - кажано во четири очи.
Право да ти кажам - навистина.
Сакам кажам, не знам речам - се кажува за некого што знае, ама не смее да зборува за некои работи.
Ќе му кажам јаc - во закани; ќе му покажам јаc нему, ќе види тој, ќе ме запамети.
Изведенки
1.
кажува несв.
(се) кажуваат
(се) кажуваат
2.
кажување ср.
мн. кажувања
глаг. им.
Пример: По кажувањата на старите, тука имало манастир.
мн. кажувања
глаг. им.
Пример: По кажувањата на старите, тука имало манастир.