а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

навали

навалат; навалил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4676
1. Настрани, наведне на една страна.
Англиски: tilt Албански: anoj
Примери:
Го навали коритото да го истури.
2. Потпре на нешто.
Англиски: support Албански: mbështetje
Примери:
Ја навали главата на фотелјата.
Ја навали вреќата на ѕидот.
3. Ненадејно надојде, се нафрли, нападне.
Англиски: invade Албански: dhunoj
Примери:
Навалија гости како никогаш.
Волците навалија на жртвата.
Војски навалија од сите страни.
Противничките играчи со cите сили навалија да го израмнат резултатот.
4. совлада, обземе
Англиски: overwhelm Албански: mposht
Примери:
Сонот го навали.
Го навалија грижи.
5. (се навали) се настрани
Англиски: incline Албански: anoj
Примери:
Кајчето многу се навали.
Ја потпреа куќата што се навалила.
6. (се навали) се облегне, се потпре
Англиски: prop Албански: mbështet
Примери:
Се навали на столот.
7. Запали оган, стави дрва на оган.
Англиски: fuel Албански: djegë
Примери:
Навали оган.
Навали го огнот да не угасне.
Ја навалил фурната.
Навалила котел за перење.
Изведенки
1. навалува несв.
(се) навалуваат
2. навалување ср.
глаг. им.