отпушти
отпуштат; отпуштил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4779
1.
Престане да држи, пушти, испушти нешто од рака.
Примери:
Таа за момент го отпушти детето и тоа падна.
Домаќинката ја отпушти чинијата и таа се скрши.
Спротивно од:
затегне (св.)
2.
Разлабави, пушти да виси.
Примери:
Коњаникот се оддалечи од коњот и ја отпушти уздата.
Слично со:
разлабави (св.)
3.
Даде некому отказ од работа.
Примери:
Сопственикот ги отпушти работниците од работа поради кризата во таа стопанска гранка.
4.
Ослободи, пушти некого од служба, од војска, од затвор, од болница и сл.
Примери:
Претседателот отпушти од затворот дваесет затвореници во чест на празникот.
Стариот го отпуштиле од болница како безнадежен случај.
5.
Олабави, ослободи од напнатост.
Примери:
Таа ги отпушти рацете и заспа.
Чистиот воздух го отпушти.
Слично со:
олабави (св.)
6.
Пушти во промет, даде за користење.
Примери:
Банката отпушти нови банкноти.
7.
Отстрани препрека, овозможи протек, излез.
Примери:
Земјоделецот ја отпушти водата од каналот за да го наводни полето.
Мајсторот ја отпушти водата од болјерот за да може да го поправи.
Локомотивата отпушташе црн чад.
8.
Се издели во резултат на хемиска реакција.
Примери:
Атомите на елементите со мал број електрони во надворешниот електронски слој, за разлика од атомот на јаглеродот, лесно отпуштаат електрони.
9.
(се отпушти) Престане да се држи.
Албански:
liroj
Гимнастичарот се отпушти од вратилото и падна.
Спротивно од:
задржи (св.)
11.
(се отпушти) се ослободи
Примери:
Кучето само се отпуштило од синџирот и избегало.
Слично со:
ослободи (св.)
12.
(се отпушти) се разлабави, се олабави
Албански:
lehtësoj
Вентилот се отпуштил сам и почнало да тече силна вода.
13.
(се отпушти) Престане да се стега, да се држи здрвено, се релаксира.
Англиски:
relax
Албански:
relaksohet
Таа разочарано се отпушти на фотелјата.
По масажата нозете му се отпуштија.
14.
(се отпушти) Каже нешто неконтролирано, се искаже, престане да се воздржува.
Албански:
liroj
Не можеше повеќе да молчи, се отпушти и сè им изнакажа.