поприбере
Види и:
прибере (св.)
поприберат; поприбери, поприберете; поприбрав, поприбраа; поприбрал; поприбран; (ќе) поприберев, (ќе) поприбереа; (ќе) поприберел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 27976
1.
Присобере нешто што е расфрлано и го стави на место.
Примери:
Таа ги поприбра расфрланите алишта.
Слично со:
присобере (св.)
2.
Собере и понесе нешто со себе.
Примери:
Трговецот ја поприбра стоката и си замина.
3.
Присобере уште малку (податок, материјал).
Примери:
Треба да се поприберат уште некои документи.
4.
Стави нешто на скришно место.
Примери:
Поприбери ги париве некаде да не ги види.
Слично со:
скрие (св.)
5.
Доведе малку во ред.
Примери:
Застана пред огледалото да ја поприбере косата.
6.
За раце, нозе - собере, повлече малку кон себе
Примери:
Поприбери ги нозете да не те згазнам.
7.
Доведе, прими некого во својот дом на краток период, на некое време.
Англиски:
bring home
Албански:
marr
Таа излезе да ги поприбере децата.
Тој чини поприбери го за некој ден кај себе и пак исфрли го.
8.
Собере малку, донекаде.
Примери:
Откако поприбравме сили, ги нападнавме.
9.
Дојде малку на себе, среди малку мисли, чувства.
Примери:
Откако ги поприбра своите мисли, донесе решение.
10.
(се поприбере) За тело - се повлече малку.
Примери:
Поприбери се малку, да поминам.
Слично со:
повлече (св.)
11.
(се поприбере) Се вразуми, се опамети малку.
Англиски:
come to senses
Албански:
këshilloj
Откако се ожени, се поприбра.
Слично со:
вразуми (св.)
12.
(се поприбере) Дојде малку на себе, се смири.
Примери:
Откако се поприбра, тој им раскажа сè.
Изведенки
поприберува несв.
(се) поприберуваат
(се) поприберуваат