после
попосле
Вид збор: Прилог
Ранг: 321
1.
Потоа, по некое време.
Англиски:
afterwards
Се напи од водичката, а после го извади кавалчето и почна да свири.
После, постепено и полека, почна да го обзема радост.
После со оној свој бавен чекор отиде до својот шатор.
Слично со:
потоа (прил.)
2.
Во набројување - понатаму.
Англиски:
further
Прво бил учител во охридското село Белица, а после во Охрид.
Слично со:
понатаму (прил.)
3.
По претходно кажаното, стореното.
Англиски:
then
Кажи после тоа дека немам право!
Да не избрзаш, после тоа ќе ти биде криво.
Слично со:
тогаш (прил.)
4.
Освен тоа, покрај тоа.
Англиски:
besides
После и не сакам да те навлечам во некоја непријатност под стари години.
5.
За засилување на предлогот „по“ во временска употреба.
Англиски:
after
По еден саат после тој му го изложил своето решение.
6.
Како компаратив - попосле, малку подоцна.
Англиски:
later
Попосле се дозна сè.
Сега или попосле, неговата мисла мораше да стигне до нив.
7.
Како суперлатив - најпосле, на крајот, конечно.
Англиски:
finally
Тој најпосле претпазливо ја отвори вратата.
Најпосле се согласиле некако.
8.
При набројување - сосема на крај, последно.
Англиски:
least
Тој му ги гледаше плеќите, потоа клашените бечви и најпосле опинците.
Слично со:
конечно (прил.)