прекине
прекине, прекинат; прекинам, прекини, прекинете; прекинав, прекинаа; прекинал; прекинат; прекинев, прекинеа; прекинел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1245
1.
Раздели на делови со кинење, со прекин.
Примери:
Тој ја прекина врвката.
Ја прекина жицата на неколку места.
Слично со:
раздели (св.)
2.
(за пат, линија, струја) Запре тек, одвивање на нешто.
Примери:
Надојдената река го прекина патот до селото.
Силното невреме ги прекина сите телефонски линии.
Електродистрибуција ја прекина струјата неколку часа.
Слично со:
запре (св.)
3.
Запре некаква дејност, работа, состанок, разговор и сл.
Примери:
Го прекинаа состанокот по два часа.
Да го прекинеме разговорот на таа тема.
Прекинаа со работата поради штрајк.
Ги прекина студиите.
Го прекина молчењето.
4.
Пресече, не дозволи некој да се искаже до крај.
Примери:
Тој остро го прекина соговорникот.
Слично со:
пресече (св.)
5.
Раскине, прекрати, соработка, врска, другарство.
Примери:
Двете земји ја прекинаа соработката.
Ги прекина односите со сите другари.
Прекина со девојката.
6.
Запре започната игра, натпревар.
Примери:
Судијата го прекина натпреварот.
Тие ја прекинаа партијата по триесеттиот потег.
7.
Запре воена, борбена дејност.
Примери:
По неколку месеци војување, двете земји ја прекинаа војната.
Откако потпишаа мировен договор, завојуваните страни ги прекинаа нападите.
8.
(се прекине) Се раздели самото со кинење.
Примери:
Јажето се прекина насреде.
Од ветриштата се прекинаа електричните линии.
9.
(се прекине) Изгуби сила, снеможе.
Примери:
Снагата ми се прекина кога го видов таков.
Слично со:
снеможе (св.)
Изведенки
1.
прекинува несв.
(се) прекинуваат
(се) прекинуваат
2.
прекинување ср.
глаг. им.
Пример: чести прекинувања
глаг. им.
Пример: чести прекинувања