разбие
разбијат; разбијам; разбил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5424
1.
Со удирање направи нешто на парчиња.
Примери:
Ја разби детето стомната со вода.
(разг.) Го разби мразот.
Топ не може да го разбие (толку е цврст, јак).
Слично со:
скрши (св.)
2.
Со удар скрши, раскрои, разгроми.
Примери:
Ја разбиле вратата и влегле внатре.
Го разбиле катанецот, касата.
Слично со:
разгроми (св.)
3.
Нанесе пораз, победи; одржи предност во некоја игра, натпревар.
Примери:
Таму го разбија непријателот.
Ги разбивме Германците.
Успеа да го разбие нападот на противникот.
Црниот упорно се бранеше, но најпосле беше разбиен.
4.
повреди, разруши, расипе
Примери:
На таа удолница ја разби колата.
Бранови го разбија коработ.
6.
сруши, уништи, погуби
Примери:
Му ја разби последната надеж.
Сакаше да го разбие единството на работничкото движење.
Слично со:
уништи (св.)
7.
Направи на делови; за пари - размени, раситни.
Примери:
Групата беше голема, та мораа да ја разбијат.
Разбиј ми ја илјадарката.
Слично со:
раситни (св.)
8.
(се разбие) Распрсне се од удар.
Примери:
Брановите се разбија од брегот.
Слично со:
распрсне (св.)
9.
(се разбие) Се скрши, се распадне на парчиња.
Примери:
Нешто тропна, сигурно се разбило некое стакло.
Слично со:
распадне (св.)
10.
(се разбие) Повреди некој дел на своето тело при удар.
Примери:
Паднав и се разбив целиот.